Граѓаните масовно подигнуваат пари од банкоматите на Кипар

Од:

Вознемирени граѓани на Кипар денеска во редови чекаа пред банкоматите на „Кипарската народна банка“ за да подигнат пари од сметките, по зголемениот страв од колапс на банкарскиот систем во земјата.

– Сега се се врти околу готовината. Единствено коцкарите ќе земат чекови во оваа ситуација. Постојат гласини дека „Народната банка“ нема никогаш повеќе да биде отворена. Сакам да подигнам што повеќе пари, бидејќи имам заштеда од речиси 60.000 евра. Не знам дали сега ќе успеам да ги повратам овие пари. Тое е се што имам, а сега мислам дека се е отидено во неповрат, изјави пензионираниот државен функционер Федон Василијадес додека чекаше во ред за подигнување на парите од банкомат.

Редовите пред банкоматите почнаа да се формираат по соопштението дека Владата размислува за спојување на втората по големина финанската организација во земјата, „Кипарската народна банка“ со најголемата банка на островот, „Банката на Кипар“.

– Кипар тоне, а ЕУ и меѓународната заедница се подготвени да дозволат да потоне, истакна Гаутам Капор, Британец кој работи за една грчка компанија на Кипар.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар