Градежниците со поповолни очекувања за порачки

Од:

Градежниот сектор во четвртиот квартал од 2018 година имал поповолни очекувања за порачки, но има очекувања дека ќе се намали бројот на вработени, објави Државниот завод за статистика.

Оценката на раководителите на претпријатијата во градежниот сектор за економската состојба во четвртото тримесечје од 2018 година е понеповолна во однос на претходното тримесечје, а е поповолна во однос на четвртото тримесечје од 2017 година.

Сегашната состојба со порачки (договори) на нивните деловни субјекти, како и оценката за финансиската состојба се поповолни во однос на претходното тримесечје.

Во наредниот период се очекува продажните цени да се зголемат, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата се над нормалата.

Најголемо влијание врз ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност е немањето побарувачка со 20.9 отсто, зголемени трошоци за материјали со 20,6 отсто, неповолни временски услови со 13,6 отсто и конкуренција во сопствениот сектор со 11,8 отсто.

Би можело да ве интересира

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он

Зголемен бројот на туристи

Угостителските услуги поскапи за 13,4 отсто во однос на лани

Горан Наумовски

Во февруари издадени 352 одобренија за градба

Ана Ололовска