Големите депоненти во Банката на Кипар ќе имаат загуби до 60 отсто на влоговите

Од:

Големите депоненти во Банката на Кипар – најголемата кипарска банка, ќе добијат акции во вредност од само 37,5 отсто од депозитите над 100 илјади евра, потврди денеска Централната банка на Кипар.

Тоа значи дека депонентите со влогови над таа сума ќе бидат принудени да поднесат загуби кои достигаат до 60 отсто, наведуваат западни медиуми.

Околу 22,5 отсто од депозитите над 100 илјади евра нема да носат камати посочи банката во одлука објавена денеска. Останатите 40 отсто ќе добиваат камати, но нема да бидат исплаќани пред заздравување на банката.

Теоретски со шемата може да си вратат депонентите дел од средствата од продажба на акции, но тоа ќе биде можно само ако Банката на Кипар успешно изврши рекапитализација и почне да се развива, а акциите достигнат ниво кое овозможува обнова на нивото за подмирување на загубите на депонентите. Тој процес може да трае подолго, а перспективите му се целосно нејасни, коментираат западни медиуми.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар