Глоби од 5,8 милиони евра за Скопска и 2,7 милиони евра за Прилепска пиварница

Од:

Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) им изрече глоба од 5,8 милиони евра на Скопска и од 2,7 милиони евра на Прилепска пиварница зашто ги ограничувале дистрибутерите во одредувањето на продажната цена.

Како што соопшти КЗК, одлуките за паричните казни на двете компании се донесени вчера, на седница на Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Пивара Скопје АД, од 17 декември 2012 година склучувала договори за продажба и дистрибуција на нејзините производи со независните дистрибутери, во кои се содржеле одредби со кои ја ограничувала способноста на дистрибутерот да одреди своја продажна цена, односно му наметнувала по која цена да ги продава производите на крајните купувачи.

Прилепска пиварница АД Прилеп, пак, од 13 ноември 2010 година склучувала договори за деловна соработка со овластените дистрибутери, во кои се содржеле обврски за неконкурирање со неограничено времетраење, но и одредби со кои ја ограничувала способноста на дистрибутерот да одреди своја продажна цена.

– Ова значи дека дистрибутерот неможе самостојно да си ја одреди цената по која ќе ги препродава производите на пазарот, што во услови на пазарна економија значи ограничување на конкуренцијата. Ваквите одредби кои се однесуваат на одржување препродажни цени претставуваат ограничувања кои не смеат да бидат содржани во вертикалните договори (договори меѓу производителот и дистрибутерот) и имаат за цел нарушување на конкуренцијата согласно Законот за заштита на конкуренцијата и согласно Уредбата за групно изземање на одредени видови вертикални договори, стои во соопштението на КЗК.

Глобите во денарска противвредност изнесуваат 357.992.515,00 денари за Скопска и 166.778.900,00 денари за Прилепска пиварница.

Би можело да ве интересира

Моторџии возеле без кацига и без дозвола, за еден ден казнети 185 возачи на мотори

А1он

Пазарна се закани со казни за сите што ќе работат утре: Исклучок се фирмите кои не можат да го запрат производството

A1on

Нема плата ако не гласате, не може да извадите возачка, парични казни – Земји каде гласањето е задолжително

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

Казнети 136 возачи во Скопје: Возеле брзо, немале возачка, зборувале на телефон

А1он

500 евра глоба за родителите ако децата пукаат со петарди – казна затвор за препродавање

Анита Петровска Рајковиќ