Левица: Власта да ги врати казните за функционерите, ако не ќе бараме построги казни и незастарливост

Од:

Иако со закаснување, со поведување на постапка за оценување на уставноста на измените во Кривичниот законик за амнестија на криминалот на функционерите – Уставниот суд го потврди она што Левица го предупредуваше. Ваквите законски измени, Уставниот суд ги оцени како директен напад врз темелните вредности на уставниот поредок – владеењето на правото и еднаквоста на граѓаните пред законот, а забележува и дека противуставната легализација на криминалот беше спроведена со дрска злоупотреба на европското знаменце, велат од Левица.

„Уставниот суд воедно го задолжи владејачкото мнозинство во рок од шест месеци да ги отстрани спорните законски одредби и да ја врати построгата казнена политика за делата сторени од високи функционери.

Левица апелира Владата и владејачкото мнозинство веднаш да постапи по забелешките на Уставниот суд и да достави до Собранието предлог-измени на Кривичниот законик. Доколку ова не го направи Владата, во тој случај, пратениците од Левица ќе предложат законски измени на Кривичниот законик со кои ќе се воведат многу построги казни за злоупотреба на службената положба, несовесно работење во службата и проневера на државни пари и средства, а ќе предложиме и воведување на незастарливост на делата од висока корупција.

Со донесувањето на скандалозните измени на Кривичниот законик, со кои значително се намалија казните за делата од висока корупција, над 80 функционери од актуелната власт на ДПМНЕ се спасија од кривичен прогон. Помеѓу останатите, директно за своите криминали беа амнестирани актуелниот генерален секретар на Владата, Игор Јанушев, и пратеникот од ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Недозволиво е преку политички договори да се создава систем на селективна правда и амнестија која ќе важи само за привилегираните партиски функционери, додека обичните граѓани остануваат жртви на партизираното правосудство и немаат никаков пристап до правда, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Од „Рекет“ до уставен судија, вчера компромитирана, денес „истакнат правник“ во режија на ДПМНЕ

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?

Прескокнувањето системски закони е аларм за корупицја – Антикорупциска реагира за Законот за „Скопје 2028“

Катерина Ѓуровски

Левица: Ѓорѓиевски и Цветковски преку фондација „Скопје – европска престолнина на културата“ го претвараат во приватен проект

Горан Наумовски

Левица: Парното поскапе двапати за осум месеци, а Мицкоски пљачката ја прекрсти во „најниска цена во регионот“

Левица: Мицкоски ветуваше економска стабилност, а сега позајмува од М-НАВ и МЕПСО