Германија речиси го удвои извозот на оружје

Од:

Германскиот извоз на воена опрема силно порасна оваа година, поттикнат од испораките на оружје за Украина, објави Министерството за економија.

Во шест месеци до 24 август, вредноста на одобрениот извоз на воена опрема изнесува нешто помалку од 5,1 милијарди евра. Во истиот период лани таа изнесуваше околу 2,9 милијарди евра, соопшти Министерството.

Извозот силно порасна бидејќи Берлин и доставува оружје на Украина за да помогне во одбраната од руските напади, објаснуваат тие.

Канцеларот Олаф Шолц во понеделникот вети дека Германија ќе продолжи да и помага на Украина „се додека е потребно“.

Би можело да ве интересира

Австрија се спротивставува на Германија: Нема да примаме нелегални мигранти

Лоши вести од Германија: Економија не успева да излезе од кризата

Захарова ја обвини Германија за русофобија

Германија e погодена од неверојатни поскапувања

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати