Германија повторно го спаси растот на еврозоната

Од:

Земјите од еврозоната заедно во псоледните три месеци од 2014 глдина забежале раст од 0,3 % откако Германија објави дека во последниот квартал растот на националната економија достигнал од 0,7 %.

Подобрувањето од 0,2 проценти во еврозоната споредено со предходниот квартал ги зголеми надежите дека следува опоравување на европската економија а како директен резултат германскиот берзански индекс ДАКС постави нов рекорд денеска.

Растот на Германија и на еврозоната пред се се должи на моќта на домашната потрошувачка и на германскиот извоз кој што не беше намален и покрај санкциите кон Русија.

Растот кај сите земји членки на Европската унија е 0,4 % објави денеска Европската статистичка организација Евростат. Германија која е на чело на земјите со раст во последниот квартал од 2014 година може дополнително да бележи успех и во 2015 година поради стабилнниот пазар на работна сила, зголемените плати и намалените цени на енергијата. Намалувањето на вредноста на еврото дополнително ќе го зголеми германскиот извоз.

Вкупно во 2014 година Германија остварила раст од 1,6 % додека кај Франција растот е 0,4 %. Третата европска економија Италија минатата година не остварила раст што се повторува од 2011 година. Во последниот квартал од минатата година Грција стагнирала со – 0,2 % негативен раст на националната економија.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија