Газпром објави видео во кое и се заканува на Европа со замрзнување: „Зимата ќе биде долга“

Од:

Руски Газпром објави видео во кое и се заканува на Европа со недостиг на гас оваа зима. Видео кое кружи на социјалните мрежи покажува како работник го исклучува снабдувањето со гас, а барометарот покажува дека притисокот паѓа на нула.

Снимките се придружени со руската песна Winter will be long, која ја содржи репликата: „Види, преку реката, есента тивко умира… А зимата ќе биде долга, само самрак и снег“. Автор на песната е познатиот руски поет Јуриј Визбор, а верзијата што се појавува во спотот ја пее неговата внука Варвара Визбор.

Видеото вклучува и снимки од Брисел, Берлин, Париз и Лондон под снег и мраз, како и знамињата на Европската унија. Видеото беше објавено на 5 септември.

На 2 септември Газпром објави дека е откриено истекување при рутинско одржување во единицата на компресорската станица Портоваја, што значи дека гасоводот ќе биде целосно исклучен додека не се реши проблемот.

Според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, западните санкции се единствената причина за целосно прекинување на снабдувањето и затворање на гасоводот Северен тек 1.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на крајот на август потврди дека складиштата за гас во Европската унија се полни 80 отсто, што е подобро од очекуваното.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков