Франција не е повеќе петта економска сила

Од:

Париски „Фигаро“ денеска објави една „лоша“ вест за француската економија – таа го загуби петтото место на ранг листата на светските економски сили, јавува дописникот на МИА од Париз.

Претставувајќи им ги новогодишните честитки на Французите, претседателот Франсоа Оланд сакаше да ги убеди: „Франција е голема земја, таа е петта економска сила во светот…“ Неколку дена подоцна, според бројките на Европската комисија, домашниот бруто производ во Франција, односно богатството создадено во текот на годината е проценето на 2134 милјарди евра, и се најде зад Обединетото кралство со 2323 милијарди евра, со што на големо задоволство на Дејвид Камерон, сега се наоѓа на петтото место.

Франција е на шестото место, додека на подиумот се наоѓаат САД, Кина и Јапонија.

За утеха на Франција, бројките на комисијата од Брисел се привремени. Но според „Фигаро“, разликата од околу 4,5 отсто меѓу двете земји не треба да биде ставена во прашање при конечнотот објавување на билансот за 2014 година за неколку недели, иако меѓународниот монетарен фонд проценува дека Франција се уште се наоѓа во предност пред Обединетото кралство.

Одговорот како Обединетотот кралство се најде пред Франција на петтото место кое го загуби во 1973 година, ако се знае дека лани Франција имаше предност од стотина милијарди евра, одговорот треба да се бара во резултатите на економијата.

Британската економија забележа пораст од 3%, додека француската одвај забележа 0,4 или 0,5% во 2014. За во 2015 француската влада семта на слаб раст од 1%, иако слабото евро и ниската цена на нафтата може да и помогне на француската економија. Според проценките со пораст од 3% кај Британците беа создадени 60 милјарди евра дополнителен БДП, додека кај Французите само 20 милијарди евра додатен БДП.

Во Франција и покрај зголемувањето на повеќе производи во јануари, инфлацијата е на мртва точка, со 0,4% во 2014, додека во Велика Британија е 1,5%. Со инфлација од 1,5% британската економија произведува 40 милијарди дополнителен БДП. Ревалоризацијата на британската фунта исто така дозволи зголемување на британскиот БДП за 126 милијарди евра.

Велика Британија ги послуша советите на Комисијата од Брисел ид во своите сметки ги вметна и приходите на црниот пазар (дрогата и проституцијата) за разлика од Франција, овие активности беа проценети на околу 10 милијарди евра во 2013 година.

Губењето на петтото место како економска сила ја погоди гордоста на Франција, и денеска реакциите на француските политичари и економист се бројни во обид да им го објаснат ова на нивните сограѓани.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лансиран е сателитот кој заеднички го развија Кина и Франција

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен

Макрон го распушти собранието и распиша избори за 30 јуни

A1on

Тежок пораз на Макрон на европските избори, Ле Пен ја запечати победата

A1on