(ФОТО) Кичево: Отворени денови на кариерата – се барaат повеќе вработувања за жените

Од:

Проектот „Поттикнување на социјалната инклузија и инклузивен пазар на труд“ на Министерството за труд и социјална политика и финансиран од ИПА-фондовите на Европската Унија, започна вчера во Кичево и има цел да ги поттикне, односно да ги зголеми на можностите за вработување на невработените и луѓето со посебни потреби.

На овој настан присуствуваа четири приватни претпријатија од Кичево, Центарот за вработување и Центарот за социјални работи.

На присутните кандидати им се овозможи да остварат интервју за работа со претставниците на сите компании и институции што беа присутни и да се запознаат со нивните услови за работа.

„Целта на овој проект е да овозможиме директна комуникација меѓу работодавачот и тие што бараат работа, особено на тие што се маргинализирани и со посебен акцент на луѓето со посебни потреби. Другата цел е да се подобри професионалниот капацитет на тие што се вработени на Министерството за труд и социјална политика, вработените во Центарот за социјални работи и вработените во Агенцијата за вработување за да бидат подготвени да им служат и да ги вработуваат овие групи луѓе.

DIGITAL CAMERA

Со финансии од ИПА-фондовите, со помош на овој проект и преку медиумите, ние се надеваме дека ќе влијаеме во поттикнувањето на свеста кај работодавачите и ќе им дадеме можност на тие што барат работа, но им припаѓаат на овие маргинализирани групи“, рече Афердита Хаџиаха Имери, раководителка на овој проект.

DIGITAL CAMERA

„Ние како Центар за вработување им ги нудиме нашите услуги и како почеток им нудиме самовработување, да остварат практика, да им овозможиме контакт со работодавачите и сето ова со цел да се намали невработеноста. Засега овој проект го оценувам како успешен и ние ќе се трудиме во иднина да се случува два или повеќе пати годишно и да се надеваме за други успеси“, рече Трајко Којчески, претставник на Агенцијата за вработување во Кичево.

DIGITAL CAMERA

„Мојата компанија функционира од 2001 година и има 21 вработени. Од нив 40% се луѓе со посебни потреби. Мислам дека вработувањето на овие луѓе е добра работа и верувам дека денешниот состанок ќе биде успешен и на тие што бараат работа ќе им се овозможи да се вклучат во различни компании“, рече Сејдин Исени, сопственик на претпријатието Исени Компани.

DIGITAL CAMERA

Од присутните беше отворена и темата за големиот број невработени жени во градот. Во врска со ова, Мебије Неџипи, преседателка на здружението на жените рече:

„На овој настан доаѓам како претставник на невработените жени. Јас се сомневам дека со овој настан ќе ја постигнеме целта, затоа што гледам дека овде нема бизнисмени  што ќе им понудат работа на жените, луѓето со посебни потреби или другите што се овде и се заинтересирани за работа“, рече Неџипи.

DIGITAL CAMERA

Според Афердита Хаџиаха Имери, проектот почна во јануари 2012 и ќе заврши во август 2013 и вакви настани ќе се одржаат и во други градови низ Македонија – денеска во Охрид, утре во Прилеп и во четврток во Кочани.

На присутните им беа споделени брошури на кои експлицитно им беа наведени правата за вработување од членот 32 и 35 на Уставот на Република Македонија, и членот 27 од Конвенцијата на ОН за правата за вработување на луѓето со посебни потреби, која беше ратификувана и од РМ.

Fatlume Dervishi

Би можело да ве интересира

Голем интерес за сезонска работа: Рекорден број на агенции за вработување странци во Хрватска

А1он

Османи: Сестра ми работи во М-НАВ веќе 15 години, за критериумите прашајте ги таму

Влада: Над 4.800 нови работни места во ТИРЗ за три години, во октомври рекордно 17.769 вработени граѓани

Новиот поткаст: „Што го врти светот?“ со Јована, почнува денеска во 20 часот

На граѓаните не им се работи во „Бехтел и Енка“: Стигнале само 360 апликации за 2.000 работни места

Орце Костов

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

Орце Костов