„Форбс“: Дајан Хендрикс и Опра Винфри најбогати жени во САД

Од:

Американскот магазин Форбс објави, втора по ред, годишна листа на најбогати жени во САД кои сами стекнале богаство, а девет жени кои уредништвото ги избра за насловна страна имаат вкупно 9,7 милијарди долари.

Меѓу жените убедливо најбогата е најстарата членка на таа елитна група – Дајан Хендрикс (69) која со сопругот Кенет ја основа во 1982  година Еј-Би-Си саплај.

Откако почина нејзиниот маж во 2007 година успеала одбие обиди за преземање на компанијата и денес има богатство од 4,9 милијарди долари што и обезбедува прво место на листата, пред водителката Опра Винфри со 3,1 милијарда долари.

Најмлада на насловната страничка е 32-годишната Софија Аморузо која пред 10 години покрена моден бренд Нести гал, и сега има 280 милиони долари и не е од индистријата за забава.

На листата единствено помлада од неа е Тејлор Свифт (26) која со богатство од 250 милиони долари е на 60 позиција, а четири места пред неа е Бјонсе која има 265 милиони долари. Шерил Сендберг и Мариса Маер, директорки во Фејсбук и Јаху се на 14 и 33 место, а актерката Џесика Алба е на 42 место.

Би можело да ве интересира

Најбогатите луѓе по победата на Трамп побогати за уште 64 милијарди долари

Најбогатиот човек на светот изгуби над 10 милијарди евра за еден ден

Ана Ололовска

Илон Маск симнат од тронот, најбогат човек на светот сега е Бернард Арно

Ана Ололовска

Кралицата на скапоцените камења загина на крузер, нејзиниот сеф е пронајден празен

Горан Наумовски

Американските милијардери загубија 93 милијарди долари

Најбогатите луѓе на светот осиромашени за 50 милијарди долари

Ана Ололовска