Пекинг му го одзеде приматот на Њујорк според бројот на милијардери

Од:

Пекинг му го презеде приматот на Њујорк според бројот на милијадери кои живеат во двата града, откако главниот град на кина минатата година доби уште 33 нови милијардери и сега има 100, додека „Гиолемото јаболко“ остана на 99, наведе Си-Ен-Ен.

Американското списание „Форбс“ наведува дека Пекинг во моментов има повеќе милијардери од кој било друг град во светот.

Њујорк седум години по ред го држеше рекордот на град со најголем број милијардери, а во моментов има 99.

Вкупното богатството на милијардерите во Пекинг изнесува 484,3 милијарди долари, тврди агенцијата Анадолија.

Подемот на милијардерите во Кина е помогнато од брзото сузбивање на епидемијата на коронавирусот и растотот на ИТ фирмите и берзите.

Најбогатиот жител на Пекинг е сопственик и креатор на апликацијата „ТикТок“, Жанг Џиминг, со богатство од 35,6 милијарди долари.

Најбогат жител на Њујорк е Мајкл Блумберг со 59 милијарди долари.

Трет град по милијардери е Хонг Конг, во кој живеат 80.

Москва е на четвртото место со 79 милијардери, а кинескиот град Шенжен е петти со 68 милијардери.

Би можело да ве интересира

Најбогатиот човек на светот има имот од 233 милијарди долари

Најбогатиот човек на светот изгуби над 10 милијарди евра за еден ден

Ана Ололовска

Некогаш ѕвезда на Арсенал, а сега милијардер: Дури 30 пати е побогат од Кристијано Роналдо

Маск повторно е најбогатиот човек на светот

Ана Ололовска

Илон Маск симнат од тронот, најбогат човек на светот сега е Бернард Арно

Ана Ололовска

Кралицата на скапоцените камења загина на крузер, нејзиниот сеф е пронајден празен

Горан Наумовски