Најбогатите луѓе на светот осиромашени за 50 милијарди долари

Од:

Најбогатите луѓе во светот Џеф Безос, Марк Цукерберг, Бил Гејтс и Илон Маск, поради колапсот на берзата, одеднаш „осиромашија“ за над 50 милијарди долари.

Продажбата на берзите доведе до пад на цените на американските технолошки гиганти.

Минатата недела, технолошката берза Насдаг во Њујорк го забележа својот најголем пад од пандемијата. Од неговиот историски врв во средината на ноември 2021 година, сега падна за 14,3 отсто.

Американските технолошки милијардери Џеф Безос (Амазон), Марк Цукерберг (Фејсбук), Илон Маск (Тесла), Бил Гејтс (Мајкрософт) и ко-основачот на Гугл, Лери Пејџ, изгубија вкупно 67 милијарди долари за неколку дена поради големиот пад на цените на акциите на нивните компании.

Маск загубил најмногу – 25,1 милијарда долари, но и покрај тоа, со 243 милијарди долари Маск и натаму е најбогатиот човек во светот, иако еден период располагал со 300 милијарди долари.

Од почетокот на годината Безос изгубил 24 милијарди, а со своите 168 милијарди е на второ место по богатство.

Бил Гејтс, пак, од почетокот на годината осиромашил за 9,5 милијарди долари, а Лери Пејџ за речиси 12 милијарди долари. За Марк Цукерберг загубата за неколку недели во 2022 година изнесува 12 милијарди долари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Најбогатиот човек на светот има имот од 233 милијарди долари

Најбогатиот човек на светот изгуби над 10 милијарди евра за еден ден

Ана Ололовска

Некогаш ѕвезда на Арсенал, а сега милијардер: Дури 30 пати е побогат од Кристијано Роналдо

Маск повторно е најбогатиот човек на светот

Ана Ололовска

Илон Маск симнат од тронот, најбогат човек на светот сега е Бернард Арно

Ана Ололовска

Кралицата на скапоцените камења загина на крузер, нејзиниот сеф е пронајден празен

Горан Наумовски