Фирмите кои добија пари од Фондот за иновации бесплатно ги понудија ИТ решенијата на граѓаните

Од:

Компаниите-кориснички на средства од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) почнаа бесплатно да им ги нудат своите содржини (дигитални книжарници, игри, решенија за учење странски јазици, за помош на лица со посебни потреби или за справување со лажни вести) на граѓаните кои, согласно мерките за справување со коронавирусот, остануваат во своите домови.

Компаниите реагираа веднаш откако пред еден час директорот на ФИТР, Јован Деспотовски, преку Фејсбук статус, ги повика на ваков чекор со цел граѓаните поконструктивно, поквалитетно и покреативно да го искористат времето и полесно да се приспособат на новонастанатите услови за живот под времено изменети околности.

-Ваквата постапка ќе биде крајно општествено одговорна и ќе даде поддршка за побрзо и поефикасно справување со корона вирусот. Истовремено, би сакал да ве информирам дека ФИТР интензивно работи и деновиве ќе излезе со нова иницијатива за поттикнување на креативниот потенцијал на граѓаните и развивање иновативни и креативни решенија за обезбедување на подобар квалитет на живот во вакви вонредни околности, пишува Деспотовски.

Би можело да ве интересира

Одземен му е пасошот на Јован Деспотовски

Обвинителството бара да му се одземе пасошот на Деспотовски

Катерина Ѓуровски

Деспотовски демантира: Не се точни информациите за приведувањето

Катерина Ѓуровски

Приведен Јован Деспотовски, поранешниот директор на ТИРЗ

Катерина Ѓуровски

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ