Финансии: Исплатите кон невладините се редовни трансфери

Од:

Министерството за финансии преку соопштение појаснува дека трансферите направени кон спортските федерации, Црвениот крст и Противпожарниот сојуз се редовни трансфери кон невладиниот сектор.

– На 26.10.2017 година извршена е исплата од страна на Агенцијата за млади и спорт согласно планираниот буџет кон спортски федерации и клубови, како и за учество на меѓународни натпревари од околу 26,4 милиони денари. За оваа цел најголем дел од средствата согласно закон се обезбедуваат од приредување посебните игри на среќа и истите се користат за финансирање на спортот, за спортските федерации и клубови, наведуваат во Министерството за финансии.

Додаваат дека на ист начин се обезбедуваат и средствата кои Министерството за труд и социјална политика ги исплаќа на Црвениот Крст, а кои, исто така, спаѓаат во ставката трансфери кон НВО и се редовни исплати. За оваа намена како што наведуваат во текот на вчерашниот ден исплатени се 500 илјади денари.

Во соопштението стои дека 525 илјади денари, е исплатата што Агенцијата за заштита и спасување ја извршила кон Противпожарниот сојуз.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Вработени во МФ бараат исплата на додатокот на плата од 30 отсто

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

МФ: Новата ПЕР 2024-2026 усвоена од Владата, поставена основа за нашата Реформска агенда за Планот за раст на Западен Балкан

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација