Филип Хамонд: Британија нема да ги намалува даноците по Брегзит

Од:

Британскиот министер за финансии Филип Хамонд изјави дека Британија по Брегзит нема да ги намалува даноците и да ги менува прописите, за да им наштети на своите конкуренти од ЕУ.

Во интервју за парискиот весник „Ле Монд“, британскиот министер вели дека не сака да го менува својот модел по заминувањето од Унијата.

– Често слушам дека Британија размислува за вклучување во едно нефер и нечесно натпреварување, во врска со прописите за инвестирањето и оданочувањето ( на инвеститорите). Но тоа не е наш план ниту пак имаме една таква визија. Јас очекувам, Британија да остане земја со социјален, економски и културолошки модел кој им е препознатлив на Европејците, изјави Хамонд за весникот.

Со евентуалното намалување на даноците и со нова регулатива, Британија повеќе би наликувала на Сингапур, отколку на која било друга европска или светска економска велесила.

Во тект на кампањата за референдумот за ЕУ во јуни минатата година, а и по победата на опцијата за Брегзит, политичарите од британската десниц , па и некои од Конзервативната партија на Тереза Меј кои заговараа напуштање на ЕУ, се закануваа дека Велика Британија би можела да ја „казнува“ Унијата со тоа што ќе го намали корпорацискиот данок, на ниво под просекот на ЕУ.

Со еден ваков потег, Британија би се претворила во „даночен рај“ за инвеститорите, оштетувајќи ја евроската економија, која во тој случај би се соочила со бегство на инвеститорите.

Во едно интервју за германскиот весник „Велт ам Зонтанг“ во јануари годинава, Филип Хамонд и самиот ги предупреди Германија и другите во ЕУ дека ако Британија не обезбеди пристап до заедничкиот пазар на Унијата, ќе се најде под закана од екононска криза, па дека како одговор на тоа би можеле „да преземе се што и стои на располагање“.

– Во една таква ситуација, ние би можеле да го измениме нашиот (британскиот) економски модел и прописите за конкуренцијата, рече тогаш Хамонд.

Таквата изјава предизвика остра реакција и во самата Британија, а опозицијата го предупреди министерот за финансии дека сака да предизвика трговска војна со Унијата.

Во сегашното интервју за „Ле Монд“ тој испраќа сосема поинакви пораки до Европејците и помирливо вели дека европските работници „треба да бидат дел од британската економија и да останат да живеат со своите семејства во Британија, како и досега„

– Определбата за Брегзит не е е направена за парите, па затоа Британија сака да се повлече од ЕУ без да прави проблеми за бизнисот и за луѓето, вели за францускиот весник британскиот министер, порачувајќи дека од „прекршувањето на лондонскиот финансиски центар Сити, полза ќе има Њујорк, а не Франкфурт или Париз“.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он