ФФРМ: Штетите од поплавите ќе ја поскапат храната

Од:

Фармерите погодени од неодамнешните поплави да не плаќаат закуп за земеното државно земјоделско земјиште, ниту надомест на водните заедници, да добијат ваучери за репроматеријали (препарати, ѓубрива, гориво за земјоделска механизација, расад) зависно од големината на површината и културата, како и совети за натамошни активности за зачувување на квалитетот на почвата, предлага Федерацијата на фармери.

Овие мерки, како што соопшти, се во корелација со Законот за земјоделство и рурален развој, а ќе им помогнат многу на оштетените земјоделци.

Федерацијата сугерира и на површините зафатени од поплавите да се направат педолошки и агрохемиски анализи за да се види составот на почвата, како и чистење на речните корита и канали.

Според ФФРМ, најголемите штети се во Струмичко на површина од вкупно 230 хектари главно засеани со жита меѓу кои доминира пченицата. Останатите посеви се со градинарски култури од кои најоштетена е зелката но, загуби има и на површините на кои се произведува расаден материјал за домат и пипер.

– Штетите ќе имаат негативен ефект врз целото градинарско производство поради што се очекува поскапување на храната, оцени Федерацијата по посетата на Бориево, Гечерлија, Сачево, Муртино, Нова Маала, Иловица i Добрејци.

ФФРМ изминатите денови реализира средби со градоначалниците на Босилево, Ново Село, Василево и Струмица на кои е договорено да се направи заедничка стратегија за решавање на новонастаната ситуација. Општините го лоцирале проблемот во водостопанските организации кои, како што посочиле, не се доволно оперативни поради недоволно финансиски средства, механизација и човекови ресурси.

Од разговорите произлегла и иницијатива за преземање заеднички активности во насока на реконструкција на речните сливови, чистење на реките долж течението, не само парцијално, како и подигнување на свеста кај земјоделските производители за управување со ѓубривото со што ќе се спречи фрлање на отпадот во реките.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Неколку лица се уапсени по судирите меѓу земјоделците и полицијата на саемот во Париз

Горан Наумовски

Ќе се зголемува школарината за студентите: Предлогот за поскапување испратен до студентските собранија

Орце Костов

Бектеши: Инфлацијата на храната ќе биде пет отсто до крајот на годината, тоа ви го ветувам

Орце Костов

Од полноќ ново поскапување на горивата

Орце Костов

Бесими најде виновник за најавените поскапувања: Медиумските укажувања за цените не помагаат во економијата

А1он

„Доаѓа зима, ќе бираме помеѓу студ и глад“: Македонија пред силен бран поскапувања

Орце Костов