ФФРМ ја поздравува исплатата на субвенциите за растително и сточарско производство

Од:

Федерацијата на фармерите на Република Македонија (ФФРМ) го поздравува чекорот на Владата за започнувањето на исплатата на субвенциите за 2012 за растително и сточарско производство, и покрај тоа што рокот за исплата според Законот за земјоделство и рурален развој е јуни 2013 година.

– На ваков начин се овозможува извршување на интензивните земјоделските активности во овој период во растителното и сточарско производство, а воедно се помага и на оштетените градинари и поледелци чии земјоделски површини беа зафатени со поплавите, велат од ФФРМ.

Членството на ФФРМ смета дека средствата во овој период се особено важни бидејќи имаат највисоки трошоци за набавка на репроматеријали во земјоделското производство и е од особена важност поради зголемување на цените на инпутите.

– Финансиската поддршка им е неопходна на фармерите за да ја задржат и подобрат конкурентноста на домашниот и странскиот пазар. Имено во текот на овој период започнува подготовката на површините, припрема на леи за производство на расад за култури кои се планираат да се садат на отворено во градинарско производство, нагласуваат од ФФРМ.

Би можело да ве интересира

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за струја од први јули, вели Битиќи

(ВИДЕО) Вашите деца не мрзнат, што да јаде моето дете: Викотници на вработени во ЈСП кон советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Александар Тодески

СДСМ: Поголеми субвенции за лозарите од 40.000 на 52.000 денари по хектар

Антикризни мерки: Учениците ќе добиваат од 1.200 до 1.800 денари месечно, по 3.000 денари за пензионерите со ниски пензии

Орце Костов