Фени во мај произвeде над 1.000 тони никел

Од:

Во кавадаречкиот комбинат Фени производството на никел во мај надмина 1.000 тони произведен никел, а раст е забележан и кај извозот, соопштуваат од ЕуроНикел, подружницата на ГСОЛ во Македонија, која моментално работи со ФЕНИ Индустри.

Како што додаваат, раст е забележан и кај платите на вработените што сега достигнува приближно 29.000 денари.

Душко Николов, синдикален лидер на ФЕНИ Индустри, оценува дека кај работниците владее задоволство од тоа како се одвиваат работите во компанијата. Воспоставена е, како што изјавува, постојана двонасочна комуникација со раководството, имаат слух за сите потреби на вработените, добивме исплата на бонуси, дури и поголема од очекуваната.

– Најголемото задоволство кај вработените произлегува од тоа што гледаат како се создава сигурна иднина за компанијата и за нивната егзистенција. Производството се одвива непречено и по нагорна линија, платите се редовни, сите дополнителни обврски се исполнети и тоа е добра основа за исполнување на основните работнички права. После сите проблеми и неизвесност низ кои поминавме во изминатите две години, заканата да ги изгубиме работните места, а фабриката да се затвори, што никогаш и никому нема да му го дозволиме, сега среќни сме што ФЕНИ повторно е на вистинскиот пат, изјави Николов.

Би можело да ве интересира

Турски ,,Јилдирим” го купи поранешно ,,Фени” од Кавадарци, работниците сукцесивно треба да се враќаат на работа

Предраг Петровиќ

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Комерцијална банка го презеде поранешен Фени за 37,9 милиони евра

Орце Костов

Кавадаречките политичари ги поддржаа работниците: Нема да се дозволи да се изгасне печката во Фени

А1он

Ако се исклучи печката, Фени нема да работи една година: Висат 800 работни места

Орце Костов

Исклучени печките во „Фени“, вработените една седмица на работа, три дома со 70 % плата

Маја Илиевска-Пачемска