Еврото зајакна во однос на доларот и јенот по изборот на Макрон за француски претседател

Од:

Утринава на берзите во Азија еврото зајакна во однос на главните светски валути по изборот на проевропскиот либерален кандидат Емануел Макрон за нов претседател на Франција и неговата победа над кандидатката на крајната десница Марин ле Пен, јавија француските медиуми.

Непосредно по објавувањето на резултатите, еврото зајакна до 1,1023 долари, во споредба со 1,0999 долари во петокот вечерта во Њујорк. Со ова, еврото го достигна својот највисок курс од ноември минатата година.

Утринава едно евро се продава за 124,59 јени, во споредба со 124,05 јени на крајот од минатата недела и го достигна својот највисок курс кон јапонската валута по повеќе од една година.

Девизните берзи „колективно воздивнаа со олеснување“, но оваа позитина реакција веројатно кратко ќе трае, оцени австралискиот банкарски експерт Фил Боркин.

– Прашање е дали Макрон ќе добие мнозинство на парламентарните избори следниот месец, додаде тој.

Сметаме дека во следните неколку недели еврото може да зајакне, бидејќи Европската централна банка ќе покаже поголема самоувереност по намалувањето на ризиците во еврозоната, изјави Реј Атрил од Националната банка на Австралија.

Би можело да ве интересира

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

Ле Пен повикува на востание

Жан-Ноел Баро: Франција нема да се двоуми повторно да воведе санкции врз Иран

(ВИДЕО) Хорор во џамија во Франција: Го избодел 50 пати, снимал и праќал на колеги

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

(ВИДЕО) Инцидент во Франција: Ученик избодел соученици, најмалку едно лице е убиено, четворица се тешко ранети