Европските лидери го одобрија буџетот на ЕУ за 2014-2020 година

Од:

Европските лидери го одобрија синоќа долгорочниот буџет на Европската унија за периодот 2014-2020 година.

– Европскиот совет постигна согласност во однос на буџетот, изјави претседателот на ЕУ Херман ван Ромпуј на прес-конференција по првиот ден од средбата на лидерите на 27-те членки на Унијата.

Тој напомена дека конечната одлука за буџетот треба да ја донесе Европскот парламент.

Претходно вчера првите луѓе на трите институции на ЕУ, Европската комисија, Советот и ЕП го објавија постигнувањето на политичка спогодба за буџетот, вреден 960 милијарди евра за периодот 2014-2020 година.

Оваа политичка спогодба требаше едногласно да биде одобрена од сите земји-членки, што се случи синоќа, а потоа да биде усвоена со квалификувано мнозинство од 754 пратеници во ЕП.

Лидерите на 27-те членки усвоија и план, вреден осум милијарди евра за борба против невработеноста меѓу младите. Оваа „Иницијатива за младите“ ги засега областите со најголемата невработеност меѓумладите во 13 земји, а според европски дипломат главните бенефиции од оваа иницијатива се очекува да ги добијат Шпанија, Грција, Италија и Франција.

Државните и владините лидери исто така се согласија да го подобрат финансирањето на малите и средни претпријатија преку ЕК и Европската инвестициска банка.

Според претседателот на ЕК, Жозе Мануел Барозо усвоениот „Европски инвестициски пакет“ ќе овозможи обезбедување на евтини кредити за милиони мали и средни фирми, кои како што рече се основата на европската економија.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески