Цените на акциите на европските берзи во четвртокот загубија дел од вчерашните добивки бидејќи спласна оптимизмот по прашањето за решавање на грчките должнички проблеми.
FTSEurofirs индексот на 300 водечки европски акции околу 11.30 часот беше во минус 0,3 отсто, на 1.617 поени, откако вчера скокна 1,3 отсто.
Лондонски FTSE истовремено речиси беше непроменет во однос на вчера, на 7.034 поени, додека франкфуртски DAX ослабна 0,40 отсто, на 11.726 поени, а париски CAC 0,60 отсто, на 5.150 поени.
Вчера цените на акциите на европските берзи остварија силен раст, откако грчката влада објави дека е близи договор со кредиторите кој ќе и овозможи нова транпа на финансиска помош за да избегне банкрот.
Меѓутоа, подоцна европските функционери тоа го негираа, па изутрината цените на ациите изгубија дел од вчерашните добивки.
„Грците порачаа дека е постигнат напредок, додека некои министрти за финансии во еврозоната велат дека не е. Со оглед на многу отворени прашања, одредени инвеститорите не очекуваат решавање на грчките должнички проблеми во оваа недела, поради што деновиве можеме да очекуваме нестабилно тргување“, вели Мајк Ројтер, трговец во компанијата Tradition.
На Атинската берза цените на акциите денеска паднаа 0,4 отсто.
Во добивка, пак, беше технолошкиот сектор, што се должи на шпекулациите за можно ново преземање во секторот, по вестите дека Avago Technologies е близу преземање на производителот на чипови Broadcom.