Европскиот парламент изрази жалење за намалувањето на буџетот на ЕУ за 2015 година

Од:

Европските пратеници изразија жалење за намалувањето на буџетот на ЕУ за 2015 година, но и загриженост поради фактот дека намалувањето на буџетот се однесува пред се на политиката која треба да ја стимулира компетитивноста, пренесува дописникот на МИА од Стразбур.

Земјите членки на ЕУ уште на 15 јули најавија намалување од 2,1 милијарда евра на буџетот предложен од Европската комисија, односно 140 милијарди, намести 142,1.

Според европратениците, од намалувањето на буџетот ќе бидат погодени политиката за стимулирање на компетитвноста, економскиот раст и создавањето на работни места. Советот на ЕУ на тој начин намали 1,3 милијарди евра за финансирањето на научните испитувања и големите инфраструктурни зафати.

„Ние посакуваме да Европа излезе од кризата и да стане компетитивна со равој на економијата втемелена врз развојот. Затоа е потребно да се засили научното испитување и развојот, како и образовните програми“ – истакна шпанскиот европратеник од редовите на социјалистите, Еидер Гардизабал Рубиал.

Европскиот парламент притоа подвлече дека Советот, во кој се претставени државите, ги намали за 5,2% кредитите за надворешната политика на ЕУ, односно ќе има 378 милиони евра помалку, и посебно фондовите наменети за раководење со кризите како таа во Сирија или Палестина, како и за помош на соседните земји, како Украина.

Од буџетското штедење се поштедени земјоделството и структуралните фондови за регионален развој.

Францускиот европратеник Жан Артиус, инаку либерал и претседател на Комисијата за буџет на ЕП, обвини за „неодговорно буџетско раководење“, кое, како и во изминатите години доведува да кредитите за исплаќање се недоволни за да се исплатат сите фактури на ЕУ во 2014 година.

Европскиот парламент за буџетските предлози на Државите членки на ЕУ ќе гласа на Комисијата за буџет на 29 септември и на пленарна сесија на 22 октомври. Финалното гласање на буџетот е предвидено за 26 ноември по последното „помирување“ со Советот на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски