Европската комисија го почитува резултатот од референдумот во Грција

Од:

Европската комисија го зема предвид и го почитува резултатот од референдумот во Грција, јави дописникот на МИА од Брисел.

Во соопштението лиферувано синоќа од неформалната Влада на Европската унија, а по силното „не“ на грчкиот народ искажан на референдумот за прифаќање на мерките за штедење од меѓународните кредитори, се наведува и дека претседателот Жан-Клод Јункер, синоќа и во текот на утрешниот ден ќе се консултира со демократски избраните водачи на другите 18 земји-членки на еврозоната, како и со раководителите на институциите на ЕУ.

– Во понеделник наутро, тој ќе оствари конференциска врска меѓу

„Евро-институциите” (со претседателот на Евро-Самитот, со претседателот на Еврогрупата и со претседателот на Европската централна банка). Јункер има намера да се обрати на Европскиот парламент во Стразбур во вторник, наведува Еврокомисијата во соопштението.

Неуспехот на референдумот во Грција е силен удар за самата Комисија и за сите ЕУ-институции, со оглед на тоа што лично Јункер и другите високи претставници на ЕУ се вклучија во кампањата за референдумот во Грција, барајќи Грците да кажат „да“ на мерките за штедење и реформите, што не се случи.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали