Европската комисија го блокира интегрирањето на германската и на лондонската берза

Од:

Европската комисија го блокираше по трет пат, интегрирањето на двете најголеми европски берзи – „Лондон сток иксчеинџ“ и на „Дојче Бурз“ – во една фирма, чија вкупна вредност требаше да изнесува 21 милијарди фунти.

Во образложението на Европската комисија се вели дека спојувњето на двете берзи би создало „фактичка состојба на монопол“ за постоечките финансиски услуги на европскиот континент.

Одлуката на Европската комисија предизвика жалење кај Лондонската берза, објаснувајќи дека е „пропуштена можноста„ да се создаде водечка фирма во финансискиот свет.

Претходно, Европската комисија ги блокираше ваквите иницијативи за спојување, прво во 2000, а потоа и во 2004 година.

Овојпат, блокадата доаѓа во време кога Британија и формално го покрена процесот за повлекување од ЕУ, со што претходно планираната интеграција беше доведена во прашање и пред одлуката на регулаторите во Брисел.

Правните експерти на ЕУ и претходно забележуваа дека ке биде тешко заедничкото функционирање на берзата во Лондон и на германската берза во услови кога едната од нив ке остане надвор од Унијата, а другата , во новите услови, ке се најде како конкурент на лондонската. Дилеми биле искажани и за тоа каде берзанската фирма ке има седиште – во ЕУ, или надвор од неа, во Лондон.

Финансиски експерти во британскиот главен град објаснуваат дека не се изненадени од решението на Европската комисија.

Според нив , ваквата одлука на Брисел е резултат не толку на заканата од монопол на финансискиот пазар и во секторот на берзанското работење, туку поради Брегзит и британската одлука за повлекување од ЕУ.

-Овој мега проект за поврзување на двете берзи е убиен со гласањето на Британците, на референдумот за напуштање на Унијата- оценуваат лондонските финансиски експерти.

Би можело да ве интересира

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он