Европската комисија ги турка мерките за задолжителни резерви на гас

Од:

Европската комисија продолжува со плановите за обезбедување задолжителни резерви на гас, осмислени за да се стави крај на зависноста на Европската унија од руските фосилни горива.

Во нацрт-верзијата на документот на Еврокомисијата се наведува дека земјите-членки на ЕУ треба да изнајдат начини секоја година до 1 ноември да обезбедат 90-процентна исполнетост на капацитетите за складирање гас. Според драфт-верзијата извршната власт на ЕУ уште планира да врши контроли на состојбите со складираниот гас пред посочениот датум.

Предлогот што се очекува да биде објавен утре произлегува од зголемената загриженост во ЕУ за снабдувањето со енергија, после заканата на Русија дека би можела да ги намали испораките на гас како одговор на санкциите што ЕУ ги воведе против Мосвка поради инвазијата врз Украина.

Другите предлози посветени на мерките за редовност во обезбедувањето гас вклучуваат задолжителен систем за лиценцирање, за земјите-членки на ЕУ да имаат поголеми овластувања врз компаниите што стопанисуваат со капацитетите за складирање гас.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Путин: Украина се уште добива пари од Русија за транзит на руски гас во Европа

Владата преговара со Американци кои треба да инсталираат гасни постројки во РЕК Битола

Орце Костов

Русите ќе градат голем објект на истокот на БиХ, во Република Српска

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

Унгарија потпиша нов енергетски договор со Русија

Молдавија повеќе не добива руски гас