Европа почнува консултации за помош на Кипар

Од:

Претставници на Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Европската централна банка денеска почнуваат разговори во Никозија, на кои треба да бидат договорени условите за финаниската помош, побарана од Кипар.

Тимот на трите институции, кој се состои од над 30 претставници, ќе има разговори со министри, претставници на државната администрација, Централната банка, политичките лидери и социјалните партнери.

На консултациите ќе се разгледуваат прашања поврзани со банкарскиот систем и финансиските потреби на Кипар на долгорочен план.

Кипар минатата недела беше принуден да се обрати за помош кон Еврогрупата во врска со загубите во банкарскиот сектор, кои беа поттикнати од грчката криза. Кипар е петтата членка на еврозоната, по Грција, Ирска, Португалија и Шпанија, која побара меѓународна финансиска помош.

Преговорите на Кипар со „тројката“ се совпаѓат со почетокот на шестмесечното претседателство на островската држава со ЕУ, кое го презеде на 1 јули.

Меѓународната финансиска помош е поврзана со категоричните барања за структурни реформи во буџетската сфера, насочени кон скратување на трошоците и зголемување на приходите на државата.

Кипар се обидува да ја дополни европската стабилизациска помош со кредити од „надворешни извори“, како Русија и Кина.

Официјалните претставници на Кипар одбиваат да откријат колку пари ќе побара земјата од меѓународните кредитори, но според локалните медиуми помошта веројатно ќе изнесува околу десет милијарди евра, од кои 66 отсто ќе дојдат од европските фондови, а 33 проценти од ММФ.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар