Еврокомисијата и се заканува со санкции кон „даночните оази“

Од:

Еврокомесарот за финансиски прашања Пјер Московиси синоќа се закани со воведување санкции кон Панама и останати земји познати како „даночни оази“, доколку не соработуваат со ЕУ во борбата против затајувањето даноци и перењето пари.

Осврнувајќи се на скандалот „Панамски документи“, Московиси нагласи дека се шокирачки податоците за количеството на пари, надлежностите и имињата поврзани со оваа афера.

– На луѓето им е преку глава од ваквиот безобразлук, изјави Московиси, додавајќи дека државите кои овозможуваат постоење сомнителни банкарски сметки, преку кои се избегнува плаѓање данок, каква што е и Панама, треба да сносат одговорност поради тоа.

Тој посочи дека Панама е на листата на држави кои одбиваат соработка со ЕУ за прашања поврзани со затајувањето на даноците, додавајќи дека земјата треба да ја преиспита ваквата своја позиција.

– ЕУ треба да биде подготвена да воведе санкции кон оние, кои ќе одбијат да го порменат своето однесување, нагласи Московиси.

Би можело да ве интересира

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот