Еврогрупата го поддржа даночното ослободување на депозитите под 100.000 евра на Кипар

Од:

Земјите членки на еврозоната синоќа едногласно го поддржаа целосното даночно ослободување на депозитите помали од 100.000 евра на Кипар, соопшти денеска францускиот министер за финансии Пјер Московиси.

– Уште од почетокот барав даночно ослободување на депозитите под 100.000 евра, изјави Московиси по вчера одржаната телеконференција со колегите од еврозоната за корегирање на спасувачкиот план, кој беше остро критикуван на островот.

Тој истакна дека Еврогрупата предлага диференцирана ставка, но останува непроменето барањето за обезбедување на 5,8 милијарди евра.

За оваа цел Владата во Никозија е подготвена да го зголеми еднократниот данок на депозитите над 100.000 евра од 9,9 на 15 проценти, тврдат дипломатски извори во Брисел.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар