Еуроникел: Просечната плата во ФЕНИ е приближно 29 илјади денари, а се најавува и дополнителен раст

Од:

Производство во полн ек, континуиран секојдневен извоз на произведен фероникел и задоволство на вработените ја опишуваат сегашната состојба на ФЕНИ Индустри. Компанијата ЕуроНикел, подружницата на ГСОЛ во Македонија, која моментално работи со ФЕНИ Индустри, на вработените им ја исплати платата за месец мај, која постојано расте, како што расте и производството. Просечната плата сега во ФЕНИ е приближно 29.000 денари, а од компанијата најавуваат и дополнително зголемување.

За подобрувањето на состојбите и задоволството меѓу работниците сведочи и синдикалната организација во ФЕНИ Индустри.

„Кај работниците владее задоволство од тоа како се одвиваат работите во компанијата. Воспоставивме постојана двонасочна комуникација со раководството, имаат слух за сите потреби на вработените, добивме исплата на бонуси, дури и поголема од очекуваната. Најголемото задоволство кај вработените произлегува од тоа што гледаат како се создава сигурна иднина за компанијата и за нивната егзистенција. Производството се одвива непречено и по нагорна линија, платите се редовни, сите дополнителни обврски се исполнети и тоа е добра основа за исполнување на основните работнички права. После сите проблеми и неизвесност низ кои поминавме во изминатите две години, заканата да ги изгубиме работните места, а фабриката да се затвори, што никогаш и никому нема да му го дозволиме, сега среќни сме што ФЕНИ повторно е на вистинскиот пат“, изјави Душко Николов, сегашниот синдикален лидер на ФЕНИ Индустри.

Со последната производна динамика на ФЕНИ, месечното производството за месец мај надмина 1000 тони произведен никел, што претставува огромно достигнување за комбинатот, кој повеќе од шест месеци воопшто не произведуваше. Со обновување на деловните договори и враќање на довербата на добавувачите, расте производството, а расте и извозот на ФЕНИ секој ден.

Би можело да ве интересира

Турски ,,Јилдирим” го купи поранешно ,,Фени” од Кавадарци, работниците сукцесивно треба да се враќаат на работа

Предраг Петровиќ

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Комерцијална банка го презеде поранешен Фени за 37,9 милиони евра

Орце Костов

Кавадаречките политичари ги поддржаа работниците: Нема да се дозволи да се изгасне печката во Фени

А1он

Ако се исклучи печката, Фени нема да работи една година: Висат 800 работни места

Орце Костов

Исклучени печките во „Фени“, вработените една седмица на работа, три дома со 70 % плата

Маја Илиевска-Пачемска