Еуроконтрол: Организацијата на воздушниот сообраќај во Македонија е одлична

Од:

Македонија покажува одлични резултати во протокот  и организацијата на воздушниот сообраќај, изјави денеска директорот на Еуроконтрол Франк Бренер.

– Во последните пет години нема никаков застој во капацитетот и протокот во воздушниот простор на Македонија. Сакам да упатам честитки за позитивните резултати  бидејќи нема никакви инциденти во сигурноста и безбедноста на авиосообраќајот, рече Бренер по  средбата со директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство Дејан Мојсоски.

Фактот што е во посета на Македонија еден месец по стапувањето на функцијата, според него, го покажува значењето на македонскиот воздушен простор за Еуроконтрол.

На новинарско прашање дали македонската Влада ја информирале Еуроконтрол за извештајот на  Министерството за финансии дека платите во Македонска навигација М-НАВ се високи, Бренер рече дека од гледна точка на Еуроконтрол македонскиот давател на услуги си ја врши одлично работата.

– Ве уверувам дека од гледна точна на Еуроконтрол  давателот на услуги врши одлилна работа и дава одлични услуги не само во однос на капацитетот и безбеднсота, туку и во ефикасноста. Давателите на вакви услуги секогаш  се споредуваат со другите даватели. Цените коишто тие ги нудат воопшто не се конкурентни во однос на другите даватели на услуги. Овие податоци се јавно изнесени и секој може да ги провери и сметаме дека тие податоци се одлични, изјави Бренер.

Прашан за коментар на висината на цената на прелетите што ги наплаќа М-НАВ, посочи дека Македонија работи според строгите правила за пресметување на надосметоците за прелет, што ги применуваат сите 39 земји членки на Еуроконтрол.

– Вашата земја  работи според тие правила без никаков исклучок. Секакви промени на пресметките мора да бидат на иста линија со прописите на Еуроконтрол. Количината на сообраќајот што поминува преку една земја зависи од воздушните патиша, односно  од користењето на линиите. Менаџерот на мрежата соработува со М-НАВ и со Управата  во насока на тоа како да се одвива протокот  на сообраќајот во иднина. Тоа е клучниот фактотр за привлекување поголем сообраќај во иднина, појасни директорот на Еуроконтрол.

Со директорот на АЦВ Мојсосоки разговарале за натамошниот развој  на воздухопловната област, регулативата за вклучувањето во заедничкото европско небо, растот на  воздушниот сообраќај и идните проекти за подобрување на перформансите на европскиот систем.

– Имавме извонреден состанок со директорот на Еуроконтрол, пред кој ја претставив  генералната слика на водухопловството во Македонија и му ги изложивме сите перформанси и заложбите за имплементација на пакетот  регулатива за интеграцијата во единственото европско небо, како и составувањето на единствениот европски пазар, изјави Мојсоски.

Би можело да ве интересира

Избегната голема авионска несреќа аеродромот Џон Кенеди во Њујорк

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Замрзнат дожд падна во Минхен, замрзнати писти на аеродромот, сите летови одложени

Снегот виновник за откажани десетици летови од Амстердам

Русија: Американски бомбардери откриени во близина на границата со Русија

Горан Наумовски

Министерство за одбрана: Италијанските воздухопловни сили ќе учествуваат во патролирање на македонското небо