ЕУ и Кина постигнаа пријателско решение за соларната војна

Од:

Европската комисија соопшти дека е постигнато „пријателско решение“ со Пекинг околу спорот во однос на увозот на кинески соларни панели по намалени цени.

Двете страни се согласија на минималните цени на соларните панел плочи, изјави еврокомесарот за трговија Карел Де Гухт, пренесе Би-Би-Си.

Долготрајниот спор околу соларните плочи ескалираше откако ЕК воведе привремени антидампинг царински давачки за увоз на соларни панели од Кина.

Кина е најголем произведувач на соларни панели во светот, а во ЕУ во 2011 година има извезено соларни плочи во вкупна вредност од 21 милијарда евра.

– По неколку неделни интензивни преговори можам да кажам дека сум задоволен со ценовната понуда на кинеските извозници. Ова е пријателско решение што одговара и на Кина и на ЕУ, изјави Де Гухт.

ЕУ во јуни го обвини Пекинг дека ги намалува цените на соларните панели во Европа, односно ги продава по цена со цел да добие поголем удел на пазарот и се закани со воведување царини и до 47,6 проценти на нивниот увоз од Кина.

Би можело да ве интересира

Кина го поддржа планот на Украина, Европа и САД

Катерина Ѓуровски

Кина и САД ги почнаа преговорите за царините

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

ВИДЕО: Пресврт во трговската војна, САД бара преговори

(ВИДЕО) Кина објави драматична порака до Трамп: Нема да потклекнеме пред насилникот

(ВИДЕО) Трагедија во Кина: Пожар избувна во ресторан, најмалку 22 мртви