ЕУ и Канада потпишаа билатерален трговски договор

Од:

Европската унија и Канада го потпишаа денеска трговскиот договор CETA на церемонија во Брисел.

Договорот од европска страна го потпишаа претседателот на ЕС, Доналд Туск на Советот на ЕУ, Роберт Фицо и на ЕК, Жан Клод Јункер. Во декември се очекува документот да биде ратификуван од Европскиот парламент со што ќе почне и негова првична примена.

Потоа во рок од две години треба да биде ратификуван од 28-те национални парламенти во ЕУ.

Потпишувањето првично закажано за во четвртокот беше одложено бидејќи регионот Валонија во Белгија се спротиставуваше во обид да  одбрани свои локални интереси.

СЕТА предвидува укинување на царинските тарифи за речиси сите производи. Исклучок се некои земјоделски производи, и увоз на говедско и свинско месо од Канада во ЕУ. Според западни медиуми, договорот заедно со придружните елементи изгледа однадвор како книга дебела половина метар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он