ЕСМ бара нова, повисока цена за парното

Од:

Друштвото за дистрибуција на топлинска енергија ЕСМ дистрибуција на топлина ДООЕЛ Скопје до Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) поднесе барање за промена на максимален регулиран приход и цена за 2024 година за регулираната дејност дистрибуција на топлинска енергија.

Со поднесеното барање лани во декември, како што информираат од РКЕ, ЕСМ дистрибуција на топлина бара промена на прогнозираниот трошок за набавка на енергија за 2024 година и предадените количини на топлинска енергија и зголемување на трошокот за гориво за 2024 година во износ од 12,92 отсто.

Денеска во 12 часот истекува рокот до кога заинтересираните правни и физички лица, можеа до РКЕ да достават мислења и предлози во врска со објавеното барање на ЕСМ дистрибуција на топлина по што РКЕ на седница ќе го разгледа барањето и ќе донесе соодветна одлука.

Од ЕСМ дистрибуција на топлина информираат дека причина за поднесеното барање е зголемувањето на цената на природниот гас на берзите.

-Компаниите кои се формирани од АД ЕСМ и кои вршат енергетска дејност поврзана со пазарот на топлинска енергија имаат законска обврска да се придржуваат кон одлуките и актите донесени од Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги. Согласно тоа, компаниите поднесоа барања до РКЕ за корекција на регулираниот максимален приход и цена за тековната година бидејќи е настаната значителна промена на околностите и елементите што постоеле во времето на одобрување на регулираниот максимален приход и цената на топлинската енергија, односно зголемена е цената на природен гас во тек на грејната сезона, велат од АД ЕСМ.

РКЕ лани на 29 февруари за 35 проценти ја намали цената за парното греење за сите деловни корисници во град Скопје. Тоа, како што тогаш информираше претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, се должеше на намалувањето на цената на природниот гас на берзите.

Би можело да ве интересира

Случајот „Адитив“ не е единствениот криминал во АД ЕСМ, вели Мицкоски

ЕСМ: Денеска се исклучени „Битола 1“ и „Битола 2“

Коњановски: Епскиот криминал кој се случувал во електроенергетскиот систем бил помогнат од раководството на СДС

Горан Наумовски

Поранешниот директор на ЕСМ Васко Стефанов спорведен во Кривичен суд

Полицијата апси поранешни раководители на ЕСМ, меѓу уапсените е и Васко Ковачевски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петрушевски: ДЗР откри неправилности во работењето на АД ЕСМ за период од 2019 до 2022 година