„Ербас“ укинува 15.000 работни места

Од:

Европскиот производител на авиони „Ербас“ планира да укине 15.000 работни места поради тешката финансиска состојба предизвикана од пандемијата на коронавирус.

Повеќето работни места треба да се кратат во Франција и Германија, по 5.000 во секоја од нив, 1.700 во Велика Британија, околу 900 во Шпанија, а остатокот во други земји.

Менаџментот на „Ербас“ веќе почна разговори со синдикатите и очекува до есенва да постигне договор, а планот за намалување на 15.000 работни места треба да се спроведе до следното лето.

-Сакавме да избегнеме ваква ситуација, но „Ербас “ се соочува со најголемата криза кога станува збор за авијациската индустрија, изјави вчера извршниот директор на „Ербас“, Гијом Фури.

Француското Министерство за економија се спротивстави на планот за намалување на 15.000 работни места, сметајќи дека е претерано.

Компанијата го заврши првиот квартал со загуба од 481 милиони евра, а производството во „Ербас“ најверојатно ќе се намали за 40 проценти во текот на следните две години поради пандемијата на коронавирус. Исто така, „Ербас“ очекува воздушниот сообраќај да се врати на старите параметри дури во 2023 година. Во „Ербас“ се вработени 135.000 луѓе, а 90.000 од нив работат на производство на делови од авиони.

Би можело да ве интересира

Австрија се спротивставува на Германија: Нема да примаме нелегални мигранти

Ле Пен повикува на востание

Жан-Ноел Баро: Франција нема да се двоуми повторно да воведе санкции врз Иран

(ВИДЕО) Хорор во џамија во Франција: Го избодел 50 пати, снимал и праќал на колеги

Лоши вести од Германија: Економија не успева да излезе од кризата

(ВИДЕО) Инцидент во Франција: Ученик избодел соученици, најмалку едно лице е убиено, четворица се тешко ранети