ЕЛЕМ: СДСМ продолжува да пласира тези кои не кореспондираат со вистината

Од:

АД ЕЛЕМ во реакција на прес-конференцијата на пратеникот на СДСМ Благоја Стојановски, наведува дека таа партија продолжува да толкува документи и да пласира тези кои не кореспондираат со вистината со цел да ги оспори активностите во најголемиот производствен капацитет за производство на електрична енергија РЕК Битола.

– Споредуваат неспоредливи податоци за тоа колку средства до 2006 година се трошеле по основ ангажирање на надворешна механизација за ископ на јаглен во дисконтинуиран режим, а колку по 2007 година, притоа заборавајќи на неколку факти. Во времето кога СДСМ раководеше со комбинатот, постоеше само рудникот за јаглен Суводол како единствен извор на гориво за ТЕ Битола. Почнувајќи од 2007 година, па до денеска во рамките на комбинатот се отворени уште два нови рудника – Подинските јагленови серии и јагленокопот Брод Гнеотино, инвестиции вредни повеќе од 100 милиони евра, стои во реакцијата.

Токму, посочуваат од АД Елем, поради зголемениот обем на работа од новите извори на јаглен, кои треба да го продолжат животот на термоелектраната во наредните две децении, процесот на работа побарува ангажирање на дополнителна механизација во дисконтинуиран режим.

– Впрочем и рударските проекти за овие јагленокопи предвидуваат користење помошна механизација. Исто така, активности за дисконтинуиран ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина има и на Микро локација 3. Согласно концесиските договори, АД ЕЛЕМ има обврска да ги исцрпи сите постоечки ресурси со цел да постигне целосна ефикасност при експлоатација на јаглен во рудникот Суводол. Во времето на СДСМ овие два рудника воопшто и не постоеле, па логично и трошоците за ископ на јаглен биле помали, иако рудникот Брод Гнеотино требаше да биде отворен далеку пред 2006 година, се наведува во реакцијата.

Од АД ЕЛЕМ сметаат дека СДСМ лаички толкува документи штом тврдат дека БТО системите (багер-транспортер-одлагач) во РЕК Битола се наменети за ископ на јаглен затоа што и на помалку упатените во оваа област им е познато дека ваквата механизација се користи за ископ на јаловина.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: По 400-те ново вработени во ЕЛЕМ, вчера за во МЕПСО, објава за 90 нови партиски вработувања

Горан Наумовски

Мицкоски: За да го земе Владата заемот за ЕЛЕМ треба да се затворат РЕК Битола и Осломеј и да се интегрира Македонија со грчкиот пазар, тоа е енергетска анексија

Мицкоски: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 40 часа се оштетени за близу 11.000.000 денари

Mицкоски: Граѓаните од 1 јули ќе плаќаат минимум 10 проценти повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Николов: Ако ЕЛЕМ беше на здрави нозе ќе имавме 5-6 пати пониска производна цена на струјата

Ангелевска: ЕЛЕМ отпушта вработени, а пред месеци вработуваше и уште вработува преку агенции за привремени вработувања

Катерина Ѓуровски