ЕЛЕМ: СДСМ продолжува да манипулира со податоци кои не кореспондираат со фактичката состојба

Од:

СДСМ продолжува да манипулира со податоци кои не кореспондираат со фактичката состојба. Во денешната изјава се повикува на тоа дека во Извештајот на комисијата за јавни набавки на АД ЕЛЕМ стои дека „техничката понуда е прифатлива“ и дека треба да се разговара за намалување на понудената цена на Технопрометекспорт до 20 проценти. Цитатите на СДСМ не се однесуваат на официјалниот извештај на Комисијата за јавни набавки во АД ЕЛЕМ, реагираат од компанијата.

Со цел правилно информирање на јавноста АД ЕЛЕМ интегрално пренесуваме дел од објаснувањето на Комисијата за јавни набавки во врска со поништувањето на постапката за ЛОТ 2 за модернизација на котлите во ТЕ Битола:

„За ЛОТ 2 добиена е само една понуда од Технопрометекспорт. Поради неможноста од споредување на понудата на понудувачот, Комисијата не беше во можност да добие реална цена на понудените зафати. Од тие причини се предлага да не се прави избор на најповолна понуда во делот на ЛОТ 2 со оглед на тоа дека согласно тендерската документација лотовите се делливи“.

Исто е и образложението до Бирото за јавни набавки до кое е пратено информација дека„ бројот на кандидатите е понизок од минималниот број предвиден за постапките за доделување на договор за јавна набавка согласно Законот“. Повторуваме дека понудувачот за кој зборуваат од СДСМ не поднел жалба на постапките, ниту пак доставил понуда на повторениот меѓународен јавен повик.

Она што е важно е да се напомене дека во понудата на Технопрометекспорт, е предвидено модернизацијата да трае 120 денови од блок, додека актулениот изведувач на работите, германската компанија Бабкок Борсиг, се обврзала реализацијата да ја сведе на 90 дена од блок. Во случајов СДСМ зборува за заштеди, а форсира понудувач кој имал вкупно за трите блокови 90 дена подолг рок на реализација.

Потсетуваме дека станува збор за досега најголеми инвестициски зафати со кои се продолжува животниот век на нашиот најголем производствен капацитет РЕК Битола за наредните две децении. Со овие зафати, АД ЕЛЕМ овозможи и технички услови за реализација на проектот за топлификација на трите општини во пелагонискиот регион Битола, Новаци и Могила. Автоматизација и модернизацијата на агрегатите е веќе завршена лани, а пред пет дена заврши и модернизацијата на котелот на вториот блок во ТЕ Битола. Останува оваа крупна инвестиција да се зокружи во 2014 година со модернизацијата на котлите на термоелектраната Битола 1.

Проектот вреден  88,5 милиони евра опфаќа целосна промена на јагленовиот тракт, поголемиот дел од цевниот систем, доводот на јаглен, доводот на воздух, намалување на нивото на штетните емисии и редица други зафати. Со целосната реализација на проектот во 2014 година, РЕК Битола ќе стане компатибилен во делот на емисија на азотни оксиди и ќе ги исполни најстрогите европски директиви за заштита на животната средина.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: По 400-те ново вработени во ЕЛЕМ, вчера за во МЕПСО, објава за 90 нови партиски вработувања

Горан Наумовски

Мицкоски: За да го земе Владата заемот за ЕЛЕМ треба да се затворат РЕК Битола и Осломеј и да се интегрира Македонија со грчкиот пазар, тоа е енергетска анексија

Мицкоски: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 40 часа се оштетени за близу 11.000.000 денари

Mицкоски: Граѓаните од 1 јули ќе плаќаат минимум 10 проценти повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Николов: Ако ЕЛЕМ беше на здрави нозе ќе имавме 5-6 пати пониска производна цена на струјата

Ангелевска: ЕЛЕМ отпушта вработени, а пред месеци вработуваше и уште вработува преку агенции за привремени вработувања

Катерина Ѓуровски