На тендер на ЕЛЕМ прифатлива понуда само за еден лот, во другите три понудите се над планираното

Од:

АД ЕЛЕМ информира дека денешната аукција за тендерот за гумени ленти за транспорт на материјалот во РЕК Битола заврши делумно успешно. Цените, како што соопштуваат, што учесниците ги понудиле во четири од петте одвоени пакети, односно лота, се повисоки од сумата која АД ЕЛЕМ ја имало планирано во буџетот за нив. Прифатлива е понудата само за еден лот, која што е дадена од Репро-Опрема ДОО Белград.

Комисијата за јавни набавки на АД ЕЛЕМ ќе ја утврди фактичката состојба во текот на следната недела и ќе се изјасни за натамошните чекори во врска со овој тендер.

Според законот, една од можностите е да се прифати понудата за делот од набавката која е во рамките на предвидениот буџет на АД ЕЛЕМ, а за другите четири да се поништи тендерот и да се распише нов.

Во тој случај, појаснуваат, АД ЕЛЕМ веднаш ќе почне процедура за нов тендер, од причини што предметот на оваа набавка е крајно неопходен за да може да тече производството во РЕК Битола.

Планираната максимална цена на компанијата за набавка на гумени транспортни ленти од 1800 до 2400 мм со платно била 22.913.710 денари, а понудената цена на тендерот од Феро Инвест ДОО експорт импорт Скопје изнесувала 23.595.280 денари.

АД ЕЛЕМ за набавка на гумени транспортни ленти од 1600 мм со платно планирала максимлана цена од 91.134.073 денари, а биле понудени од Fabryka Tasm Transporterowych Woolbrom S.A. 97.239.916 денари, од Репро-Опрема Белград 108.718.763,77 денари и од Феро Инвест ДОО експорт импорт Скопје 108.884.150 денари.

Максимланата планирана цена на АД ЕЛЕМ за дел од предметот на Договорт за набавка на гумени транспортни ленти од 1200 до 1400 мм била 109.360.888 денари, а понудувачите дале цена од 121.738.000 денари од Феро Инвест ДОО експорт импорт Скопје, 121.977.550, 82 денари Репро-Опрема Белград и 123.133.984 денари Fabryka Tasm Transporterowych Woolbrom S.A.

За набавка на гумени транспортни ленти со платно за потребите на СДЈ планираната максимална цена на АД ЕЛЕМ била 7.811.492 денари, а добила понуда од Репро-Опрема ДОО Белград во износ од 7.083.490,16 денари која е прифатлива и понуди од Феро Инвест ДОО експорт импорт Скопје во износ од 7.901.600 денари и од Fabryka Tasm Transporterowych Woolbrom S.A. во износ од 8.015.746 денари.

За набавка на гумени транспортни ленти со платно за потреби на одпепелување планиранта максимална цена на АД ЕЛЕМ била 27.079.837 денари, а добила понуда од Репро-Опрема ДОО Белград во износ од 28.765.775.98 денари, од Феро Инвест ДОО експорт импорт Скопје во износ од 30.512.200 денари и од Fabryka Tasm Transporterowych Woolbrom S.A. во износ од 30.557.015 денари.

АД ЕЛЕМ за овој тендер вкупно планирала 258.300.000 денари.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: По 400-те ново вработени во ЕЛЕМ, вчера за во МЕПСО, објава за 90 нови партиски вработувања

Горан Наумовски

Мицкоски: За да го земе Владата заемот за ЕЛЕМ треба да се затворат РЕК Битола и Осломеј и да се интегрира Македонија со грчкиот пазар, тоа е енергетска анексија

Мицкоски: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 40 часа се оштетени за близу 11.000.000 денари

Mицкоски: Граѓаните од 1 јули ќе плаќаат минимум 10 проценти повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Николов: Ако ЕЛЕМ беше на здрави нозе ќе имавме 5-6 пати пониска производна цена на струјата

Ангелевска: ЕЛЕМ отпушта вработени, а пред месеци вработуваше и уште вработува преку агенции за привремени вработувања

Катерина Ѓуровски