Експресно оттуѓен имотот на делницата Тетово-Гостивар, заглави експропријацијата кон Букојчани

Од:

Експропријацијата на земјиштето на кое ќе минува трасата на коридорот 8 односно на делницата Тетово – Гостивар заклучно со крајот на јануари е речиси завршена и остануваат уште десетина проценти.

Еспропријацијата има добра динамика и на делниците Гостивар – Букојчани и Прилеп – Битола се вели во Извештајот на Супервизијата за прогресот на изградба на автопатите Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани, Требеништа-Ќафасан и Прилеп-Битола.

На секција 1, односно на Тетово-Гостивар се експрорирани 89%, остануваат 11 отсто, на делницата Прилеп-Битола завршена е експропријацијата на 70 отсто од земјиштето, додека само 27% се експроприрани на делницата Гостивар- Букојчани.

Во делот на изработени урабнистички проекти од страна на Специјалисти Изведувачи во рамките на Проектот на Тетово-Гостивар има реализација од 88%, на Гостивар-Букојчани 28%, а на Прилеп-Битола 75 отсто.

Завршени се геодетските истражувања на повеќе од половина од трасата на трите делници, додека топографските истражувања се 75 отсто комплетирани кај Тетово и Гостивар, односно 100 отсто кај Битола и Прилеп.

Напредокот на спецификацијата и дизајнот на автопатот до крајот на јануари 2024 година е 23 отсто на Тетово-Прилеп, само 7 отсто на Гостивар-Букојчани и 9 отсто на Прилеп-Битола.

Во Извештајот за месец јануари стои дека изведувачот, американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ работел главно на проектот за експропријација, геотехнички испитувања и спецификации за автопатот.

Средствата за експропријација кои се проценуваат на околу 300 милиони евра. За земјиштето што се експроприра државата ќе плаќа пазарна вредност која се пресметува врз основа на данокот на имот што го плаќа сопственикот на недвижнината.

Жители од гостиварските села Долна и Горан Бањица веќе изразија незадоволство од спроведувањето и постапките за изградба на Коридорот 8 кој според најавите минува низ нивните атари. Тие ја информираа јавноста дека почнале да добиваат покани за да подигнат решенија за одземање на земјиште, а претходно не биле информирани за какви градежни работи ќе се користи. Дел од нив сметаат дека цената за експропријација од 650 денари за метар квадратен е пониска од реалната.

Во извештајот се наведени и сумите кои Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта ги префрлија на сметката на „Бехтел и Енка“ во периодот од 26 април до 31 декемвеи ноември.

На 26 април се префрлени 118 милиони евра, потоа на 23 јуни исплатени се 53 милиони евра, на 28 јули на сметката на „Бехтел и Енка“ легнале 7,2 милиони евра, на 10 август исплатени се 3,4 милиони евра, на 2 октомври легнале 3,5 милиони евра, на 9 ноември ЈПДП исплатило 3,6 милиони евра, додека на 15, 28 и 29 декември вкупно се исплатени 46 милиони евра. Вкупната сума досега која ЈПДП ја исплатило кон „Бехтел и Енка“ е околу 189 милиони евра.

Во извештајот е наведено дека ќе се градат вкупно 109 километри автопат за кој ќе се потроши 1,1 милиони тони асфалт, 1,2 милиони м3 тампон, 620.000 м3, 10 милиони кубици за пополнување, ќе се ископаат 21 милион кубни метри земја, ќе се изградат мостови со вкупна должина од 4,5 километри, како и 24 подвозници и 34 надвозници

Би можело да ве интересира

Николоски: До крајот на јануари ќе заврши целокупната експропријација за патните делници од коридорите 8 и 10д

Мицкоски уште смета дека договорот со „Бехтел и Енка“ е криминален и антидржавен, но прекинот е поштетен

38-годишна жена е повредена во сообраќајка во Гостивар

Двајца тешко повредени во сообраќајка на обиколницата за Тетово

Горан Наумовски

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента

19-годишно момче е осомничено за убиство на 16-годишен малолетник