Економскиот раст во еврозоната – најслаб за две години

Од:

Економската активност во еврозоната се зголеми во октомври со најбавно темпо во повеќе од две години, а очекувањата на компаниите сигнализираат дека трендот на забавување може да продолжи и во наредните месеци, соопшти лондонската фирма Маркит.

Индексот на менаџери за набавка (ПМИ) во приватниот сектор на еврозоната во октомври падна на 52,7 поени, што е најниска вредност од септември 2016 година, проценето е во лондонската компанија за собирање и обработка на податоци. Во септември ПМИ беше 54,1 поени.

– Забавувањето (на активности) се предводени од падот на извозот, кој голем број испитаници опфатени со истражувањето, го поврзуваат со трговските војни и царини, нагласува главниот економист на Маркит, Крис Вилијамсон. Трговските тензии, по се изгледа, го придушија расположението во глобалната економија, зголемувајќи ја несклоноста кон ризик, додава Вилијамсон.

Би можело да ве интересира

Грција е најзадолжена држава во еврозоната

Горан Наумовски

ЕУ е должна 13.272,7 милијарди евра, што е 84 отсто од нејзиниот БДП

Ана Ололовска

Невработеноста во еврозоната на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти

А1он

Анализа: Пад во стопанството на Еврозоната втор месец по ред

А1он

Инфлацијата во август достигна 9,1 отсто во земјите од еврозоната

А1он

Потрошувачите во еврозоната очекуваат висока инфлација и послаб економски развој