Економската криза во Европа создава нови форми на ропство и искористување

Од:

Во Чешка постојат модерни форми на ропство, кои се искажуваат преку искористување на трудот на луѓето, како и со принуда на разни форми на проституција, јави дописникот на МИА од Прага.

– Пораст на искористувањето, особено е регистриран кај Романците и Бугарите, но има случаи и на Чеси од ранливите социјални заедници, информираше Ирена Ферчикова-Конечна од организацијата „Ла Страда“, која им помага на жртвите со трговија на луѓе.

Според Ферчикова-Конечна, во текот на последните години е зголемен бројот на луѓето, особено од Источна Европа, кои во Чешка доаѓаат во поголеми групи и најнова позната форма на искористување на трудот е во шумарската и земјоделската дејност.

Анализирањето на овој проблем открива дека на „модерните робови“ прво во нивните земји им се ветува подобар живот во странство, а подоцна оставени без средства за егзистенција и најчесто без познавање на јазикот, се принудени да работат изолирани од средината и без можност да се заминат.

– Евидентиравме случаи, кога околуместата каде се делат бесплатни оброци се движат луѓе кои регрутираат бездомници или луѓе кој се наоѓаат во кризни ситуации, додава Ферчикова-Конечна.

На овие групи чешки граѓани им се ветува поубав живот во друга земја, а кога ќе отидат таму се принудени да работат само за храна и стреа над главата.

Невладините организации откриваат дека од 2008 година ситуацијата со новите форми на ропство се сосема изменети. Луѓето кои го искористуваат туѓиот труд, во новото време не се служат со насилство, тукусо порафинирани методи со кои ги принудуваат социјално слабите единки на т.н ропска работа, која токму од тие причини не може да се докаже и санкционира.

Во прилог на ова оди и економската рецесија која ја зафатија Европа и светот и која поради големата невработеност ги принудува луѓето да се „согласат“ и на полоши услови за работа.

Во Чешка се актуелни три судски одлуки кои се однесуваат на казнување на новите форми на ропство и покрај проблемите со тешкото откривање на таквите форми на искористување на работно-правните односи.

Во Европската унија се евидентирани разни видови на искористувања и тоа како сексуални, така и од областа на трудот.

Според европската статистичка служба Евростат меѓу 2008 и 2010 година, една четвртина од жртвите на трговијата со луѓе се трудово експлоатирани, а кај три петтини се работело за сексуално искористување, односно присилна проституција.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески