Економист: Германија ќе ги чувствува последиците од војната со години

Од:

Германската економија со години ќе ги трпи последиците од руската инвазија на Украина, што ќе ја поддржува високата инфлација речиси исто толку долго, предупреди економистот Марсел Фрацшер од Германскиот институт за економски истражувања (DIW).

Влијанието на војната може да се почувствува до 2025 година, кога, според владините проценки, Германија треба целосно да се ослободи од зависноста од рускиот гас, според Фрацшер, чиј институт ја советува владата за макроекономска политика.

Германија напредуваше со децении благодарение на сигурно снабдување со евтин руски гас, а сега забрзано се обидува да најде нови добавувачи.

„Војната во Украина и нанесе огромна штета на германската економија“, рече Фрацшер во интервју за Ројтерс, додавајќи дека активноста ќе порасне можеби само 1,5 отсто оваа година, во споредба со прогнозата од 4,5 отсто во јануари.

Војната ќе влијае на инфлацијата речиси толку долго, преку високите цени на енергијата, додаде германскиот експерт, отфрлајќи ги сугестиите дека треба да се ограничи растот на платите.

„Синдикатите денес не се толку силни како што беа во 1970-тите“, објасни тој, потсетувајќи дека предвидениот раст на платите од 4,5 проценти оваа година е значително послаб од инфлацијата, која се движи околу 8 проценти. „Не гледам знаци за спирала на платите (и инфлацијата) во наредните години“, додава тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц