Eко Логистик Сервис пошта број 1 во нашата држава покажа анализа од Агенција за пошти

Од:

Во петокот на 22 Декември 2023 година во хотел Мериот се оддржа 21 -от јавен состанок на Агенцијата за пошти. Според анализите кои објави регулаторот за првиот квартал од 2023 година од сите даватели на поштенски услуги ЕКО Логистик Сервис е пошта број 1 во сите категории од сите даватели на поштенски услуги на слободниот пазар. Во самата анализа објавена на социјалните мрежи од регулаторот Еко Логистик Сервис е далеку пред останатите даватели на поштенски услуги во категоријата за достава на пратки за коресподенција учества дури со 65,90% од вкупно 13.437.882 пратки.

Во делот на пакети учествува со дури со над 54% од сите доставени пакети за првиот квартал во 2023 година и е дури 39% од второрангираната пошта.


Во делот на бројот на вработени, мрежа на хабови и возила Еко Логистик Сервис е исто прворангиран, пред сите останати даватели на поштенскиот пазар.

На јавниот состанок присуствуваа сите сопственици на приватните пошти меѓу кои и сопственикот на Еко Логистик Сервис г-инот Игор Гешовски кој имаше јавно обраќање по објавените податоци. Тој истакна дека неколку неправилности во сегашното работење како привилегијата на АД ‘’Пошта на Северна Македонија” -Скопје да биде години наназад ослободена од ддв во делот на поштенските услуги. Останатите даватели на поштенски услуги плаќаат ддв и не се ослободени од оваа давачка. Гешовски побара што побрзо либерализација на пазарот во делот на универзалната поштенска услуга за да може да се истакне квалитетот на услугите. Меѓу другото побара можност и кај приватните даватели на поштенски ислуги по исполнување на условите да добијат меѓународна лиценца за граѓаните на нашата држава да добијат поквалитетна, побрза и посигурна достава.

Целата анализа на Агенцијата за пошти можете да ја погледнете на следниов линк https://www.facebook.com/share/MiqJ76nrwW8m7Jnr/?mibextid=I6gGtw

ПР текст

Би можело да ве интересира

Еден шеф на еден работник во Пошта: Поштари нема, но администрацијата е преполна

Орце Костов

Двочасовен протест утре во националната Пошта

Горан Наумовски

„Купувајте загубени пратки за само 123 денари!“: На интернет си поигруваат со АД Пошта

Орце Костов

Од пошта украдени пари, поштенски марки и други предмети

„Еко Логистик Сервис“ е лидер во сите категории за национална брза пошта за 2022 година

Орце Костов

Синдикатот на Пошта бара итна средба со Владата, во спротивно ќе организира протести и штрајкови