ЕК: Сопствениците на депозити над сто илјади евра во Кипар ќе претрпат загуби од 8,3 милијарди евра

Од:

Сопствениците на големи депозити во двете водечки банки на Кипар се очекува да претрпат загуби во износ од 8,3 милијарди евра во периодот на реализацијата на антикризниит план, изработен од Еврогрупата, соопшти Европската комисија.

Под големи депозити на островот се подразбираат суми од над сто илјади евра, кои се сметаат за неосигурани според европското законодавство.

Документот на Еврогрупата за Кипар бил со датум од 12 април и ознака „конечна варијанта“. Во него се нагласува дека финансиските потреби на Кипар за периодот 2013-2016 година изнесуваат 23 милијарди ерва, од кои 13 милијарди земјата е должна да ги обезбеди од внатрешни извори, а 8,3 милијарди евра ќе дојдат од големите неосигурани депозити во двете банки Народната банка и Банката на Кипар.

Меѓународната рејтинг агенција Мудис вчера предупреди дека на Кипар му се заканува банкрот и напуштање на еврозоната, независно од договорот со Еврогрупата за доставување помош од десет милијарди евра во замена за преструктуирање на двете главни банки и воведување антикризни мерки.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Кипар во „дупка“ од 2,24 милијарди евра поради пандемијата

Жарко Настоски

Прв смртен случај од Коид-19 на Северен Кипар

Светска банка: Доколку Кипар се обедини, доходите ќе се зголемат за седум отсто

Ана Ололовска

Грција, Кипар и Израел денеска во Атина ќе го потпишат договорот за гасоводот EastMed

Ана Ололовска