ЕК: Финансиските ограничувања во Кипар се неопходни, но во најскоро време треба да бидат укинати

Од:

Финансиските ограничувања наметнати од кипарските власти се „неопходни во сегашни услови, но слободата на движење на капиталот во најското време треба да се врати“, посочува Европската комисија во денешното коминике, цитирано од француските медиуми.

-Европската комисија одблиску, заедно со кипарските власти, другите земји членки, Европската централна банка и Европската банкарска служба, го следи исполнувањето на мерките за ограничување на движењето на капиталот, наметнати на островот“, се посочува во коминикето.

Европската комисија потсетува дека според силата на европските договори земјите членки можат да наметнат ограничувања врз движењата на капиталот „единствено при определени околности и под стриктни услови, поради политички проблеми и проблеми со безбедноста на државата“.

Мерки можат да се воведат и „поради заеднички општествен интерес“.

Ситуацијата во Кипар одговара на овие критериуми, но „иако ограничувачките мерки се неопходни во сегашни услови, слободата на движење на капиталот треба да се врати во најскоро време, во интерес на кипарската економија и на внатрешниот пазар на ЕУ“, заклучава Европската комисија.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар