ЕИБ: Источноевропските компании потешко ќе доаѓаат до кредити

Од:

Малите и средни компании од Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦЕСЕЕ) годинава ќе се соочат со значително построги критериуми за одобрување на кредити, се наведува во еден од заклучоците на истражувањето на Европска инвестициска банка (ЕИБ).

ЕИБ истакнува дека првпат од 2015 година повторно ќе почнат да растат ненаплатливите кредити, а банките   во ЦЕСЕЕ регионот поради пандемијата со Ковид-19 ќе се соочат со најлошо деловно опкружување од финансиската криза во 2007 и 2008 година.

Истражувањето на ЕИБ, со кое беа опфатени 90 банки, укажува дека заемодавците очекуваат остар пад на побарувачката за финансирање, но и значителни заострување на условите за одобрување, а со тоа и пад на одобрени кредити.

Првенствено се очекува намалување на побарувачката на кредити за граѓаните.

Би можело да ве интересира

НАТО ги зајакнува силите во речиси сите источноевропски земји

ЕИБ: Позитивни движења во банкарското кредитирање

Ана Ололовска

Во Источна Европа речиси 20 милиони заразени со Ковид-19

ЕИБ ѝ додели на Србија заем од 200 милиони евра за да ги ублажи последиците од кризата

Жарко Настоски

ВИДЕО: Поддршка од 100 милиони евра од ЕИБ за македонските мали и средни претпријатија

Ана Ололовска

Алесандро Брагонѕи е нов шеф на претставништвото за Западен Балкан на Европската инвестициска банка