Едукативни предавања и посети за финансиска писменост на млади

Од:

Со цел подигнување на финансиска писменост кај младото население Координациското тело на регулаторните институции за финансиска едукација во Македонија од 27 март до 7 април годинава организира едукативни посети на финансиски институции и предавања за деца и млади од областите на парите, штедењето, тргувањето, банкарскиот сектор, инвестирањето, осигурувањето, пензискиот сектор и други теми поврзани со функционирањето на финансиските системи.

Како што се наведува во соопштението на Народна банка на Република Македонија, посетите и предавањата се во рамки на одбележувањето на Глобалната недела на парите од 27. март до 2. април, во организација на Координациското тело на регулаторните институции за финансиска едукација во Македонија, кое го сочинуваат Народната банка на Република Македонија, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, МАПАС и Комисијата за хартии од вредност, а во соработка со Бирото за развој на образованието и Сојузот на микрофинансиски организации.

На првиот ден од Глобалната недела на парите, како што се наведува во соопштението, ученици од четири основни и средни училишта од Скопје ги посетиле просториите на сите пет регулатори, како и на Македонската берза, Музејот на пари при Народната банка, еден пензиски фонд, инвестициски фонд, комерцијална банка, штедилница и осигурителна компанија.

Во рамки на Глобалната недела на парите за денеска е предвидена посета на училишта во Велес и Неготино, на 5. април на Тетово и Гостивар и на 7. април со посета на Охрид и Струга. Официјалното затворање е на 19. април е во Градскиот парк во Скопје.

Глобалната недела на парите, се одржува на светско ниво од 2012 година, и вклучува над 6 милиони деца и млади во повеќе од 130 земји и повеќе од 1000 организации и институции со преку 4000 активности. Темата на овогодинешната Глобална недела на парите е „Учи! Штеди! Заработи!“, со намера младите луѓе да научат да штедат за својата иднина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Вработени во МФ бараат исплата на додатокот на плата од 30 отсто

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

МФ: Новата ПЕР 2024-2026 усвоена од Владата, поставена основа за нашата Реформска агенда за Планот за раст на Западен Балкан

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација