ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

Од:

Компанијата ЕДС – Energy Delivery Solutions, го претстави новиот главен извршен директор, Александар Сарџовски и најави нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија, наменети пред сè за малите и средни компании.
Новиот директор истакна дека фокусот на компанијата е јасен – да се создадат решенија што се флексибилни и економски исплатливи за бизнис секторот.

„Нашиот фокус е јасен: иновативност, стабилност и засилена ориентација кон клиентите. Сакам да порачам дека ЕДС продолжува да ја гради и зацврстува својата позиција како сигурен и долгорочен партнер за деловните корисници на слободниот пазар. ЕДС е компанија во чиј фокус се корисниците. Работиме на решенија кои се прилагодуваат на реалните потреби на компаниите. Разговараме, слушаме и одговараме со понуди што овозможуваат избор, стабилност и поддршка за нивниот раст,“ рече Сарџовски.

Претставувајќи ги новите тарифни модели, од компанијата велат дека првата опција – пакетот „Без обврски“ е идеален за компаниите што сакаат поголема флексибилност.

„Станува збор за модел каде корисникот плаќа единечна цена од 12.99 денари за киловат-час, со можност месечно да одлучува дали ќе продолжи со нас, без никаков договорен обврзувачки рок. Единствениот услов е да нè извести 15 дена однапред доколку сака да ја прекине соработката. Втората понуда е наменета за оние компании кои бараат сигурност на подолг рок. Доколку се одлучите за 12-месечен договор, добивате значително пониска цена – 10.49 денари за киловат-час. Дополнително, за првите шест месеци од соработката, корисникот ќе добие вкупен попуст до 3.000 денари, што е значајна заштеда,“ објасни Јане Наумоски, директор на сектор малопродажба.

ЕДС, која е дел од најголемата енергетска компанија во Југоисточна Европа, PPC Group, најави дека овие пакети се само почеток на новата развојна фаза на компанијата, која ќе биде насочена кон дигитализација и унапредени услуги за клиентите.

„Во новата развојна фаза, ЕДС ќе продолжи да создава производи што се адаптираат на реалните потреби на компаниите – флексибилни, ефикасни и економски исплатливи. Инвестираме во дигитализација, развој на нови кориснички алатки и едукација за енергетска ефикасност, со јасна ориентација кон зелената транзиција. Поддржани од регионалното искуство на PPC Group, подготвени сме за раст, технолошка иновација и стратешки партнерства што ќе обезбедат уште поголема вредност за нашите клиенти,“ вели Златко Черепналкоски, директор за деловен развој и стратегија.

ЕДС останува компанија посветена на создавање на вредност – за компаниите, за заедницата и за целиот енергетски сектор во земјата.

Би можело да ве интересира

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 25.07.2025 изнесува 136,09 евра за мегават час, на МЕМО 145,83 евра за мегават час

Атлантик Група со значаен раст на приходите и покрај предизвиците на пазарот на суровини

Матичната компанија на ЕДС, PPC, избрана за компанија на годината во Грција

(ВИДЕО) СДСМ: Со 10 денари за откуп на пченица ВМРО-ДПМНЕ го закопа македонското земјоделство

А1он

СДСМ: Колапс во ЕСМ – ВМРО-ДПМНЕ направи загуба од 45 милиони евра

Официјално започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”