ЕБРД ќе купи дел од кипарската Хеленик банк

Од:

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) се согласи да купи 5,4 процентен дел во Хеленик банк, втората по големина банка на Кипар, во вредност од 20 милиони евра, јави БТА.

Претставникот на ЕБРД Луцина Станчек-Вучинска по потпишувањето на договорот денеска изајви, дека купувањето има за цел дополнително да ги стабилизира кипарските банки, кои се оптоварени со лоши кредити, што претставуваат над половина од сите заеми.

Кипарскиот банкарски сектор беше тешко погоден, откако меѓународните кредитори и доделија на земјата спасувачки пакет од 10 милијарди евра во март 2013 година, кој предвидуваше одземање на несигурните депозити во двете најголеми банки во земјата.

Станчак-Вучинска изјави дека ЕБВР ќе помогне на Хеленик банк да се справи со проблемот со лошите кредити, со цел да може да даде повеќе кредити на бизнисот, така што доделувањето на повеќе кредити ќе ја зајакне економијата.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Кипар во „дупка“ од 2,24 милијарди евра поради пандемијата

Жарко Настоски

Прв смртен случај од Коид-19 на Северен Кипар

Светска банка: Доколку Кипар се обедини, доходите ќе се зголемат за седум отсто

Ана Ололовска

Грција, Кипар и Израел денеска во Атина ќе го потпишат договорот за гасоводот EastMed

Ана Ололовска