Е-трговијата полека го презема пазарот во регионот

Од:

Експертите сметаат дека денес е посигурно да се користи електронската трговија отколку да се плаќа во класични продавници.

Електронската трговија изминатите години станува популарен вид на трговија во земјите од регионот, покажуваат статистичките податоци и ставот на експертите, но и на самите трговци.

Показателот дека во 2014 година 1,16 милиони граѓани на Србија купувале или порачувале стока и услуги преку интернет (што е раст од 28 отсто во однос на претходната година), или дека во 2012 година 26 отсто поединци во Хрватска стока и услуги купувале онлајн, укажува дека овој вид на трговија станал широко прифатен.

Кога се работи за е-трговијата во Босна и Херцеговина, нема статистички податоци, но искуствата кажуваат дека и БиХ не заостанува многу зад соседите.

На прашањето што точно е електронска трговија, Александар Бировљев, експерт во полето на електронската трговија и електронско плаќање, како и претседател на Групацијата за е-трговија во Стопанската комора на Србија, вработен во Банка Интеса на позиција е-комерц менаџер, вели дека електронската трговија претставува размена, купување и продажба на стока и услуги по пат на електронските мрежи за комуникација – интернет, мобилна телефонија и друго.

Бировљев вели дека е-трговијата како гранка на индустријата единствена бележи раст во сите претходни години; и во потрошувачката кај купувачите и во приходите на трговците. Тој потенцира дека граѓаните на Србија, но и жителите од регионот, веќе со години наназад вршат плаќања на интернет. Експертот за електронска трговија потенцира дека корисниците сепак повеќе се одлучуваат за е-комерц при купување од странство.

– Учеството на плаќањето на странските веб страници сеуште е позначајно во однос на потрошувачката на домашните сајтови, проценутално 90 према 10 отсто.

Купување во странство

Искуствата на Дамир Хаџиќ од Сараево, одат во прилог на таа статистика. Како што вели, веќе неколку години ја користи опцијата плаќање преку интернет, но купувањето главно го врши на странски страници како што се Амазон или еBay. Причина за тоа, според него е што во БиХ и понатаму е полесно за повеќе работи да се отиде во продавница и на лице место да се купи тоа што треба.

– Со купувањето на лице место избегнувам проблеми со гаранции, достава, големини… Единствено каде што купувам кај нас по пат на интернет се страници како што е аукциската страница Пик.ба, каде плаќањето го вршам преку фирма, како и на страници за групно купување. Останатото го порачувам од странство.

Хаџиќ додава дека, поради царините и поштарините, се обидува повеќе работи од Амазон и слични страници да ги порача на адреса на пријатели и роднини во САД, Германија… а потоа порачаната стока му ја донесуваат при прва посета на Босна и Херцеговина.

– Вака избегнувам плаќање на големи царини и поштарини. Од странство на домашна адреса порачувам само полесни и ефтини работи, бидејќи цената е иста како да купувам во продавници во Сараево.

Плаќањето преку фирма изгледа е основен метод на плаќање при електронската трговија во БиХ.

Гордан Чучиќ од Интерлиберо вели дека во изминатите 15 години, колку што работи таа интернет книжара, забележан е раст на довербата во е-трговијата. Повеќето купувачи знаат што можат да очекуваат од интернет купувањето, детално се обавестуваат за цените, начинот и роковите на испорака, што наведува на заклучокот дека веќе имаат искуство со овој начин на купување.

– За жал, кај домашните купувачи сеуште најчест избор на опција е плаќање преку фирма. Претпоставувам дека причина за тоа е необавестеноста во врска со безбедноста на ваков вид на трансакции, честите бомбастични натписи во дневните весници за масовни кражби на лични податоци, а веројатно во дел се работи и за навика на плаќање во готово кај нас. Ќе треба уште време додека домашните купувачи не се уверат дека безготовинското плаќање е поевтино и побезбедно.

Посебна картичка

Хаџиќ вели дека иако сигурноста на онлајн плаќањето е на високо ниво, тој сепак користи посебна картичка за електронска трговија.

– Кога сакам нешто да купам, едноставно уплаќам во банка износ кој ми треба, а со тоа избегнувам ризик некој да ми ги украде податоците и да ми ја испразни сметката. Во најлош случај, ќе ми земе 50 евра, што е сепак многу помалку отколку некој да дојде до сметката на која ми лежи цела плата.

Порано една од најголемите грижи при онлајн плаќањето, безбедноста на е-трговијата е на високо ниво, тврди Ѓуро Лубура, судски вештак за телекомуникации: – Денес е побезбедно да се користат електронски форми на трговија од плаќање на пример во ресторани. Бидејќи, во ресторан можат без проблем да ги копираат податоците од картичката. Денешните системи за безбедност се на такво ниво што никој не треба да се плаши да плаќа по електронски пат на проверени веб страници – вели Лубура.

Тој додава дека клучно е да се работи за проверени и реномирани страници, како ПејПал и Амазон.

Исто така, на непознати веб страници не треба да се оставаат податоци, тие страници избегнувајте ги – рече експертот од Хрватска.

– Секогаш треба да се потенцира на сите корисници, никогаш ама баш никогаш во ниту една форма во електронско плаќање да не го даваат својот ПИН, т.е. идентификациски број. Никогаш не треба да се дава својот ПИН, бидејќи ниту една легална продавница ни банка не бара ПИН код – порача Лубура.

Едукација за купување

Бирвољев додава дека купувањето на интернет може да биде побезбедно од купувањето во класични продавници ако знаете што правите. Како што вели, се е во едукацијата, т.е. познавањето на можните ризици и поседување на знаење како да се намалат.

– Со наједноставно пребарување на интернет можат да се најдат препораки како да се одбере страница за купување, кои елементи треба да се проверат: безбедносни елементи, кредибилитетот и трговецот.. кој метод на плаќање се користи и друго.

Што се однесува до регионалната понуда, Бировљев смета дека интернет продавниците во Србија, како и во земјите од соседството, нималку не заостануваат зад големите светски е-трговии какви што се Амазон или еBay, а апсолутно сите технолошки и процедурални развои кои се усвојуваат на глобално ниво се реализираат и кај нас.

– Ќе истакнам дека нашите регионални решенија во одредени сегменти и предначат. Тука пред се мислам на обавезните заштитни мерки како 3Д безбедносниот стандард, кој се поставува како услов за прифаќање на картички на интернет продажни места во Србија – рече експертот за електронска трговија.

Она за што се согласуваат и експертите и трговците, но и купувачите, е дека електронската трговија има многу предности, но многу малку, или со соодветна внимателност, нема никакви недостатоци. Сите предности и недостатоци на електронската трговија може да се видат од аспект на продавачот и од аспект на купувачото – вели Бировљев.

– Поволностите кои ги очекуваат трговците се многубројни и се гледаат низ работењето по принцип Just in time – во вистинско време, постојаната достапност на стоката и услугите на потрошувачите од целиот свет, можноста за добра продажба и подобра сегментација на пазарите, а благодарение на користењето на овој канал на продажба, трговецот е препознат и како поддржувач на модерните технологии.

Трошоците за работа

Експертот од Србија додава дека продавачот кој своите производи ги нуди онлајн остварува поголема заштеда, имајќи ги предвид пониските трошоци за основање и одржување на интернет продажно место во однос на класично место на продажба.

Чучиќ вели дека иако многумина сметаат дека главната предност на интернет трговијата за продавачот е тоа што трошоците за работење се многу помали, тоа всушност не е така.

– Евентуално помал број на потребни работници и закуп за простор за работа, кој не мора да биде на атрактивна локација, ги намалува трошоците, но потребата за вработени кои имаат специфични знаења, трошоците на постојан развој на софтверот, опремата, обуката, лиценцата и одржувањето, многу брзо ги предомислуваат сите кои лесно ја сфаќаат продажбата по пат на интернет.

Од друга страна, вели Бировљев, потрошувачите имаат можност купувањето да го вршат од фотеља, т.е. од било кое место, благодарение на мобилниот телефон или компјутерот и во било кое време, како и брзо и едноставно да ги споредат различните понуди, но и да го проверат квалитетот на стоката и услугите преку коментарите на форумите и социјалните мрежи.

Со развојот на новите технологии и безбедносните системи, наведените предности од година во година се прошируваат, додаде Бировљев.

Кога се работи за недостатоците, тој смета дека кај е-трговијата не постојат конкретни недостатоци, со оглед на тоа дека можат да се совладаат со едукација. Тука како посебни предизвици ја истакнува едукацијата на поле на препознавање на легитимноста и кредибилитетот на трговецот од купувачот, правата на потрошувачот кај користење на разни методи на плаќање, проблематиката на прекуграничната трговија…

Покрај наведените совети, Лубура додава дека за сигурноста на електронската трговија треба да се следат основите совети за заштита, а тоа пред се е редовно ажурирана антивирусна програма.

 

Ал Џезира Балкан – Сараево

 

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат

Драматично предупредување на словенечки метеоролог: На Балканот стигнува нова суперклеточна бура

Катерина Ѓуровски